1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Заложничка драма во Келн

15 октомври 2018

Главната железничка станица во Келн е целосно блокирана од полицијата, откако маж зел една жена за заложник.

https://p.dw.com/p/36Z6e
Deutschland Geiselnahme im Kölner Hauptbahnhof
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Според досегашните непотврдени извештаи, заложничката драма започнала во 12 часот и 45 минути. Полициски службеник не сакаше да даде детали со оглед на тоа што полициската акција е сѐ уште во тек, но рече дека постои „заканувачка ситуација во една аптека“.

Во меѓувреме ситуацијата е појасна, како што соопшти полицијата преку Твитер. Во железничката станица се присутни бројни полициски сили и пожарникари, а сообраќајот е прекинат, сите возови се пренасочувани. Некои извештаи велат дека се слушнале и истрели, но тоа не е потврдено од полицијата, која побара од граѓаните да не се приближуваат кон железничката станица.