1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Жртви во пожар во висококатница на Хаваи

ЖА
15 јули 2017

Во пожар во висококатница во хавајскиот град Хонолулу загинале неколку лица. Најголем дел од станарите се евакуирани, но Црвен крст стравува дека некои останале заглавени во зградата.

https://p.dw.com/p/2gayO
USA Wohnungsbrand in Honolulu
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. McAvoy

Во станбен комплекс од 36 ката во најголемиот хавајски град Хонолулу во американската сојузна држава Хаваи, избувнал пожар, во кој загинале најмалку три лица, а дванаесет се повредени, четворица се во тешка состојба, од кои еден пожарникар. Зградата во меѓувреме е евакуирана, иако Црвениот крст стравува во некој од становите сепак да останале луѓе. Пожарот избил во петокот попладнето по локално време на 26-от кат. Таму се најдени и трите жртви. Огнот потоа се проширил на уште најмалку два ката во зградата.

Пожарникарите имале тешкотии да го стават огнот под контрола. Во зградата воопшто немало инсталирано приклучоци за вода за гаснење пожар. Станбениот комплекс со 568 станови бил изграден во 1971. година.

Пожарот потсетува на оној од катастрофални размери кој се случи во Лондон во Гренфел кулата во средината на јуни, кога животот го загубија најмалку 80 лица.

Пожар во облакодер на Хаваи