1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Лондон: Хаварија како во „третиот свет“

ЖА
15 јуни 2017

Пожарот во кулата Гренфел во Лондон, во кој загинаа најмалку 17 лица, не е комплетно изгаснат. Се засилуваат обвинувањата за непридржување кон прописите за заштита од пожар.

https://p.dw.com/p/2ejcL
UK Mindestens sechs Tote und dutzende Verletzte bei Hochhausbrand in London
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Dennis

По катастрофалниот пожар кој изби вчера во раните утрински часови во висококатница во Лондон, голем број од станарите сѐ уште се водат за исчезнати. Пожарникарите претпоставуваат дека во остатоците од 24 ката високата кула Гренфел се наоѓаат уште жртви, покрај официјално потврдените 17 лица. Во некои од становите и 24 часа по избувнувањето на огнената стихија, уште доаѓа до распламтување на огнот. Во акцијата на пожарникарите досега се спасени 65 луѓе, некои успеале сами да побегнат. Во блиските клиники на лекување се примени најмалку 79 лица, од кои 18 се наоѓаат во критична здравствена состојба.

UK Mindestens sechs Tote und dutzende Verletzte bei Hochhausbrand in London
Бројот на загинатите се очекува да растеФотографија: picture alliance/AP/R. Findler

120 станови, најмалку 400 станари

Колку луѓе се исчезнати, не е целосно јасно. Во зградата со 120 станови, според медиумите, живееле меѓу 400 и 600 станари. Причината за пожарот не е позната. Лондонскиот градоначалник Садик Кан вети сеопфатна истрага: „Во текот на идните денови ќе бидат отворени бројни прашања околу причината за трагедијата, ги уверувам граѓаните дека ќе стигнеме до сите одговори.“

И британската премиерка Тереза Меј најави детална истрага, ако се потребни консеквенции по пожарот, тие ќе следат, истакна таа. Остра критика стигна од британскиот противпожарен експерт Џон Хол, кој пожарот во Гренфел-кулата го нарече хаварија какви се случуваат во „третиот свет“. „Мора да потфрлиле сите елементи на заштитата од пожар и на управата на зградата“, претпоставува тој на Твитер. Мет Врек, шеф на Синдикатот на пожарникарите, изјави дека по пожарот станарите на зградата имаат право да поставуваат критички прашања, на пример - дали реновираната фасада го забрзала ширењето на огнот. 

По огнената катастрофа, на висококатницата во квартот Кенсингтон, наспроти стравувањата, не ѝ се заканува уривање. Експерти извршија инспекција на зградата со социјални станови и констатираа дека таа е сепак стабилна, соопшти противпожарната служба.

UK Mindestens zwölf Tote und dutzende Verletzte bei Hochhausbrand in London
Шокираност и тага меѓу ЛондончаниФотографија: Getty Images/C. J. Ratcliffe

Пари, облека, храна

Спасувачките активности, според проценките на полицијата, ќе траат повеќе денови. Во меѓувреме стотици лондончани донираат кебиња, облека или детска храна за станарите. На посебните банкарски сметки досега се собрани околу еден милион фунти како хуманитарна помош. Зградата била изградена во 1974. година и санирана во периодот 2014 - 2016. година. Повеќепати имало поплаки поради недоволна заштита од пожар во висококатницата.

Катастрофален пожар во Лондон