1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Големи штети од еруптираниот вулкан на Ла Палма

СН/агенции
21 септември 2021

Вулканската ерупција на канарскиот остров Ла Палма, која припаѓа на Шпанија, предизвикува сѐ поголеми штети. Досега, од екстемно жешката лава се уништени повеќе од 160 објекти а прекриени 100 хектари земјиште.

https://p.dw.com/p/40bTY
160 куќи и згради уништени од лавата која истекува од вулканот Кумбре Вијеха на Ла Палма
160 куќи и згради уништени од лавата која истекува од вулканот Кумбре Вијеха на Ла ПалмаФотографија: Borja Suarez/REUTERS

На шпанскиот остров Ла Палма поради отворање на уште еден отвор на вулканот Кумбре Вијеха се евакуирани уште 500 луѓе со што вкупниот број на лица кои мораа да ги напуштат своите домови е зголемен на 6.000.

Појавата на уште еден отвор од кој избива лава во зоната Таканде во општината Ел Пасо доведе до евакуација на населението, напиша синоќа на Твитер службата за итна помош на островот.

Синоќа околу 500 лица мораа да ги напуштат своите домови, потврди денеска за агенцијата Франс прес Лорена Ермандес Лабрадор, официјално лице од соседното село Лос Лјанос де Ариадне, кое е силно погодено од излевање на лавата.

Ерупција на вулканот Кумбре Вијеха
Ерупција на вулканот Кумбре ВијехаФотографија: Borja Suarez/REUTERS

Вулканот на шпанскиот остров Ла Палма во Атланскиот океан во неделата се активираше по 7 дена сѐ посилни сеизмички активности.

Лава изби на ново место на вулканот Кубре Вијеха по еден потрес со магнитуда 4,1 забележан во 21.32 часот синоќа по локално време, наведе Вулканолошкиот институт на Канарските острови.

Избивањето на лавата од вулканот забавило утрината и лавата сѐ уште не стигнала до океанот, иако според првичните предвидувања требала да стигне уште ноќеска.

Вулканот исфрла столбови дим високи повеќе стотици метри и меѓу 8.000 и 10.500 тони сулфурен диоксид на ден, но сепак воздушниот простор не е затворен.

Етна - најдобро надгледуваниот вулкан во Европа

Фирмата Аена, која управува со шпанските аеродроми, вчера објави дека сите летови на аеродромот Ла Палма се извршени и оти за денеска се предвидени уште 48 лета.

Ова е прва ерупција на вулканот Кумбре Вијеха на овој остров со 85.000 жители од 1971 година. Иако во ерупцијата нема жртви таа предизвика голема штета, текот на лавата запали вегетација, ги прекри патиштата и уништи стотици куќи.