1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Масовна евакуација по вулканската ерупција на Ла Палма

ЖА
20 септември 2021

Околу пет илјади жители се евакуирани по ерупцијата на вулканот Кумбре Виеха на канарскиот остров Ла Палма.

https://p.dw.com/p/40Xp3
Spanien La Palma Vulkanausbruch
Фотографија: Jonathan Rodriguez/AP photo/picture alliance

Прв пат по 50 години на шпанскиот канарски остров Ла Палма, вчера проработи повторно вулкан. Шпанските медиуми јавија за повеќе големи експлозии во јужниот дел на островот, по што следело исфрлање чад, пепел и камења во височина, а подоцна на телевизијата беа прикажани спектакуларни снимки на огромни огнени фонтани како се издигаат кон небото. Засега нема извештаи за повредени. Поради опасност од надоаѓачката лава, евакуирани се околу 5.000 жители од населбите Ел Пасо, Ланос де Аридане и туристичкото одморалиште Тазакорте на западниот брег на островот, на безбедно се сместени и околу 500 туристи. Ла Палма се наоѓа на северозападнит дел од Канарските острови, островска група во Атлантикот пред западниот брег на Африка.