1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот јазик доби 5.000 нови зборови

БГ
9 август 2017

„Емоџи“ отсега е германски збор, како и „Даркнет“ и „Таблет“. Официјалниот речник на германскиот јазик, Дуден, е ажуриран, со додавање на нови 5.000 зборови преземени од модерното општество.

https://p.dw.com/p/2hw7C
Symbolbild Vokabeln Lernen
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Brakemeier

„Единственото нешто што е константно е промената“. Овие мудри зборови на грчкиот филозоф Хераклит важат и за германскиот јазик, доколку некаква индикација за тоа е речникот Дуден. Главниот германски лингвистички ресурс ја објави својата најнова верзија денеска, среда 9 август.

Најновото 27 издание на Дуден има 1.264 страници и содржи 145 илјади зборови - пет илјади повеќе од претходната верзија издадена во 2013 година.

Прегледот на дел од новите зборови открива дека повеќето се неологизми - зборови кои влегуваат во дневна употреба како резултат на специфичен настан или појава.

Зборот "Schmähgedicht" - богохулна или клеветничка поема - сега и официјално е дел од лингвистичкиот канон благодарение на одата на сатиричарот Јан Бемерман посветена на турскиот претседател Реџеп Ердоган.

Германскиот јазик доби 5.000 нови зборови

Англискиот термин Брегзит исто така е прифатен за официјална употреба во германскиот јазик.

Сега можеш да го „лајкуваш“ тоа „селфи“

Не е изненадување тоа што во новите зборови влегоа бројни англицизми поврзани со технологија, меѓу нив зборови како Емоџи, Селфи, Веги и Таблет. Со оглед дека се именки, во германскиот јазик тие секогаш почнуваат со голема буква. Освен зборови, преземени се и некои кованици. Даркнет на пример се презема целосно, но англискиот „cyberwar“ (Сајбер војна) на германски е преземен како "Cyberkrieg".

И неколку термини популарни на социјалните медиуми си добија свое место во германскиот речник. Онлајн состанок сега и официјално може да се нарекува со англискиот оригинал „tindern", додека кога ви се допаѓа нешто на социјалните медиуми велите „liken", збор што сепак не треба да се меша со оригиналното значење во англискиот јазик и кој означува правење споредба.