1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на животГлобално

Водата како зона на опасност: Како да бидете безбедни?

Јан Валтер | Зулфикар Абани
11 јули 2022

Случајот со трите момчиња кои беа одвлечени од морската струја на грчкиот полуостров Халкидики, ја враќа во фокусот темата за безбедноста во вода. За неподготвените таму се кријат многу опасности. Еве неколку совети

https://p.dw.com/p/4Dxs3
Strandbad in Meersburg, Bodensee, Baden-Württemberg, Deutschland, Europa
Фотографија: Katja Kreder/imageBROKER/picture alliance

Секоја година во Германија се дават просечно по околу 500 лица, а 60% од несреќите се случуваат во летните месеци. Дека може да бидат погодени и професионалци, се покажа неодамна на светското првенство во пливање во Будимпешта: американската пливачка Анита Алварез падна во бессознание и потона на дното на базенот, а преживеа веројатно само благодарение на тоа што нејзиниот тренер точно ја процени ситуацијата и веднаш реагираше. 

Ungarn Rettung Anita Alvarez
Американската пливачка Анита Алварез падна во бессознание и потона на дното на базенот - беше спасена од својот тренерФотографија: Oli Scarff/AFP/Getty Images

Колкава е веројатноста од давење? 

Изгледа дека присуството на спасувачи е значаен фактор за да се спречи давење. Според статистиката на Германското друштво за спасување живот (ДЛРГ), во 2020 и 2021 година само 0,2% од удавените починале во базен, а 0,6% во море, каде во лето ситуацијата ја надгледуваат илјадници спасувачи. „Смртоносни несреќи се случуваат главно надвор од плажите на кои има спасувачи, односно надвор од нивното работно време“, се вели во соопштение за медиумите на ДЛРГ. 

Според Светската здравствена организација, давењето е третата најчеста причина за несреќни смртни случаи, а најчеста кај малите деца. Секоја година, според проценките на СЗО, се дават 236 илјади лица, особено погодени се деца, мажи и „лица со поголем пристап до вода“. Во САД, на пример, каде просечно се дават 11 лица на ден, според тамошното Министерство за здравство речиси 80% од удавените се мажи. Во Германија има слична ситуација. Можна причина е подготвеноста на преземање ризици и консумирање алкохол.

Symbolbild I Schwimmunterricht
Звучи тривијално, но сепак мора да се повторува - треба да се научи да се плива правилноФотографија: Julian Stratenschulte/dpa/picture alliance

Кои закани се кријат во водата? 

Ако се земе предвид дека во вода годишно се влегува многу милијарди пати, опасностите се сепак малку на број. Повеќето несреќи се случуваат поради невнимание или лекомисленост. Кој ги преценува сопствените способности и силата, или ги потценува опасностите, лесно и брзо презема голем ризик врз себе. Ако пак се почитуваат неколку едноставни правила, може безгрижно да се ужива во студеното освежување. 

Но, давењето не е единственото што може да се случи. Според американското Министерство за здравство, само секоја трета несреќа при капење завршува со смртни последици. Може да се добијат механички повреди, ако при лизгање од работ на базенот или скокање во непознати води. Преплитка вода или пречки во водата може да доведат до најтешки повреди особено при скок на глава. Според Германското здружение за ортопедија и трауматологија, годишно 65 лица се парализираат како последица на повреда на ‘рбетниот столб при капење.

Malawi | Monkey Bay - Malawisee
Подводните карпи се опасност пред сѐ кога се скока на главаФотографија: Cem Yücetas/Zoonar/picture alliance

Иако пливањето само по себе важи за многу здраво за мускулатурата и крвотокот, може да се појават долгорочни проблеми. „Пливачко рамо” се нарекува воспаление на рамото кое се појавува поради погрешно или преголемо оптоварување на тој дел од телото. 

5 совети како да спречите повреди и несреќи во вода 

Не скокајте каде било! 

Ова особено се однесува на скокање во непознати отворени води, но и за базени и езера во кои е дозволено капење. Дури и ако звучи глупаво на летни температури, неколку вежби за загревање и истегнување пред и по пливањето помагаат да се подготват мускулите за пливачкиот напор. Ова спречува грчеви и истегање на мускулите. Пред да влезете во вода исто така треба претходно малку да се разладите за да го подготвите телото и циркулацијата за промена на температурата. 

Sonne in Wangerooge
Разладување пред да се влезе во вода му помага на телото да се прилагоди на променетата температураФотографија: Mohssen Assanimoghaddam/dpa/picture alliance

Јадете и внесувајте доволно течности!

Исто така важно: телото на топлина губи многу течности. Затоа во лето и онака треба да внесувате многу течности - но, без алкохол. Ова ги спречува грчевите и проблемите со циркулација кои можат да бидат фатални во вода. Ако проголтате морска вода потоа треба да пиете повеќе слатка вода. Високата содржина на сол води до дехидрирање. Се препорачува да имате внесено храна за да не ви падне шеќерот во крвта. Пливање со полн стомак повеќе создава чувство на непријатност отколку реална опасност. 

- повеќеФотографија на денот: Со капење во топла вода против стрес

СЕКОГАШ надгледувајте ги децата! 

Децата, особено многу малите, мора постојано да се надгледуваат. Сè додека се во вода или имаат пристап до вода, тие се во опасност. До околу 1,5 година тие буквално можат да се удават со лицето надолу и во вирче. Дури и поголемите деца можат незабележано да се лизнат во базен или езерце во парк и да се удават во него без да испуштат звук. Дури и да преживеат таква несреќа, привремениот недостаток на кислород може да предизвика трајно оштетување на мозокот. Сертифицираните помагала за пливање - како што се „мускули“ за пливање со неколку слоеви - значително ја зголемуваат безбедноста.

Tourismus an der Nordsee
Меѓу лицата кои ги прават безбедни плажите во Германија има дури 5000 спасувачи волонтери, се вели од ДЛРГФотографија: Hauke-Christian Dittrich/dpa/picture alliance

Научете да пливате правилно! 

Децата веќе од петгодишна возраст може да научат да пливаат. Седум се смета за добра возраст за да се добие потврда дека поседувате одредени пливачки вештини односно „бронзената значка“ во Германија. За да ја добијат, децата треба да може да пливаат најмалку 15 минути во еден замав и во тоа време да поминат најмалку 200 метри. Дури и за возрасни се исплаќа да научат исправна техника на пливање. Тоа ја намалува исцрпеноста и помага лицето да остане на површина дури и при неочекувани струи или високи бранови. 

- повеќе: 102-годишен учител по пливање

Влегувајте во вода само на места кои се означени како безбедни за капење! 

Луѓето постојано настрадуваат во води кои не се безбедни за капење. Во Германија, во 2020/2021, 75 проценти од оние кои се удавиле, настрадале во реки и езера. Луѓето се дават дури и во плитки реки, каде што можеле да стојат, но настрадале од силна струја која ги однела. Во езерата, пак, водните растенија и треви кои се плеткаат околу нозете често предизвикуваат смртоносна паника.

Десетте најважни правила за капење на ДЛРГ може да се најдат овде на повеќе од 20 јазици.