1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Со капење во топла вода против стрес

23 јануари 2021

Капење во топла вода не сакаат само луѓето. И јапонските макаки-мајмуни обожаваат да седат во топла вода, особено во зимските месеци.

https://p.dw.com/p/3oJmI
BdTD Japan Makaken baden in einer Thermalquelle
Фотографија: Kyodo/REUTERS

Но, тие тоа не го прават за првенствено да се згреат, туку за да се ослобдат од стресот кој им го носи зимата. До ваков заклучок дојдоа научници од јапонскиот Универзитет Кјото. Капењето во топла вода веројатно ги зголемува шансите на мајмуните за преживување и продолжување на родот, објаснуваат научниците. На оваа #ФотографијаНаДенот макаки-мајмуни уживаат во топла вода од термален извор во ботаничката градина во Хакодате, Јапонија.