1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виена е фудбалски но пред се град на културата

16 јуни 2008

Во швајцарските и австриските градови деновиве се е во знакот на најважната споредна работа во светот.Во целата таа фудбалска треска , граѓаните на Виена, не сакаат да се заборави најважната одлика на градот -културата.

https://p.dw.com/p/EKeM
Во Виена деновиве господари фудбалотФотографија: Reuters


70 илјади навивачи среде историското градско јадро . Би можело да се помисли дека цела Виена е еден вид стадион. Цела Виена?

Нe , зашто Виенчани, се разбира не дозволуваат да им се одземе нивната култура- вели Дорис Тринка од бирото за маркетинг на градот :

Виена е град на културата и домаќин со долга традиција

„Да ние сакаме да се позиционираме како град на културата . Се радуваме многу поради тоа што кај нас се одржува Европското фудбалско првенство. Се радуваме дека еден извонреден и голем спортски настан се случува во нашиот град. Но Виена меѓутоа е град на културата и на музиката и има долга традиција и како домаќин“

Во градот постојат мирни зони за оние кои не лудуваат по фудбалот но и за оние кои ги сакаат обете работи и културата и фудбалот, и тоа не само во кафулињата. Класична музика им беше понудена на фудбалските навивачи на отворањето на навивачките зони преку бесплатен концерт на Винер Зенгеркнабен. Три дена подоцна повторно беше понудена класика но од поинаков вид. Во виенската гратска сала настапи американската музичка легенда Боб Дилан , на почетокот од серијата концерти на поп-изведувачи и ѕвезди на класиката.

И самиот фудбал преставува културен феномен

Тоа го покажува и изложбата Херцразен, посветена на историјата на европскиот фудбал . На неа можат да се слушнат аудио-снимки на фудбалските легенди , можат да се пејат навивачки песни или пак да се вежба паѓање во шеснаесетникот.

„Тоа е многу интерактивно, со многу елементи на игра , значи не само за гледање , туку и за лично учествување на посетителите во изложбата. Меѓу другото на пример , може да се шутира на гол , и на тој начин да се спречи пораз на австриската репрезентација против Фарските острови“ - вели Дорис Тринка.

Литературен фудбалски натпревар Германија-Австрија

На 23 јуни во Бургтеатерот ќе има и литературен натпревар. „Книжевните репрезентации“ на Германија и на Австрија ќе настапат едни против други во литературно читање пред публиката. Попладнето пак двете екипи ќе ги одмерат силите и на фудбалскиот терен . Местото и натпреварувачкиот кадар сеуште не е одреден , но кон работите се приоѓа сериозно - објаснува соосновачот на германската „литературна репрезентација“ , Томас Брусиг:

„ Тогаш во кабините непосредно пред натпреварот ќе се дускитира , кој ќе настапи во првите единаесетмнина“

Кратко пред финалето на Европското фудбалско првенство , планиран е своевиден Самит на културата пред прочуениот дворец Шенбрун во Виена.

Со класичните музички ѕвезди како Ана Нетребко, Роландо Вилазон и Пласидо Доминго , тоа ќе биде извонредно културно финале.