Берлинале 2012
5 февруари 2012Реклама
Прочуениот меѓународен филмски фестивал во германската престолнина годинава се оддржува по 62-ри пат од 9-ти до 19-ти февруари. Околу 400 филмови ќе бидат прикажани на Берлиналето, претежно светски и европски премиери. 16 филмови пак конкурираат за наградите на фестивалот златната и сребраните мечки. Македонија е претставена во Берлин со три филмови, односно најсилно досега.