1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Бахами во војна со ураганот „Дориан“

ЖА
3 септември 2019

Разорниот ураган „Дориан“ цврсто ги држи Бахамите во канџите, лоциран е северно од островот Големи Бахами. Досега од невремето загинаа најмалку пет лица.

https://p.dw.com/p/3OvVZ
Hurrikan Dorian
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Burbank

Американскиот центар за урагани соопшти дека „Дориан“ е лоциран директно северно од островот Големи Бахами. Брзината на ветрот попушта и изнесува 205 километри на час, па од првичната петта, сега се води како ураган од трета категорија. Но, експертите предупредуваат дека уништувачката сила на „Дориан“ ќе се задржи и во наредните денови.

На групата Карипски острови југоисточно од брегот на Флорида невремето остави вистински пустош. Делови од островот Големи Бахами се поплавени. Најмалку пет лица загинале на соседните Абако острови, а околу 20 се повредени. Со оглед на катастрофалното уништување, премиерот Хуберт Минис направи драматична споредба: „Бахамите во моментов се во војна, тие се нападнати од ураганот 'Дориан'“, цитира весникот „Насау гардиан“. Островската група не поседува никакво „оружје“ за одбрана од ваков непријател, жителите се повикани да се засолнат максимално што можат. Спасувачки и расчистувачки екипи ќе бидат испратени штом тоа ќе го дозволуваат временските услови.

Ураганот полека се приближува кон брегот на Флорида, каде е издадено предупредување од опасноста. Американските сојузни држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина наредија задолжителна евакуација на областите на брегот, засегнати се стотици илјади луѓе.

Ураганот „Дориан“ не попушта