1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Батериите од мобилните телефони во иднина ќе се преработуваат

Инго Вагнер16 јуни 2007

Mобилните апарати се штетни за човековата околина. Посебен проблем претставуваат батериите на телефонот. Постарите модели содржат штетни материи, како што се тешките метали

https://p.dw.com/p/Awxr
Фотографија: AP

Научници од високото техничко училиште Ахен развија специјален процес за рециклирање на мобилните батерии.

Металот се топи на температура од 1.700 степени целзјусови и од неколку метри високата печка истеркува во посебен сад. Печката се наоѓа во една работилница на високото техничко училиште Ахен и служи за преработување на батери од мобилни телефони. Професорот Бернд Фридрих ја надгледува работата во работилницата. Тој и неговите соработници на институтот за металуршка техника и рециклажа развија процес во четири фази за поединечно разделување на деловите од кој е составена батеријата на мобилниот телефон со цел истите да се преработат.

„Во моментов не постои во светов нитуе еден процес кој би овозможил повторно преработување на сите составни делови на батеријата. Наша цел е токму тоа да го направиме можно, како би рециклирале што е можно повеќе делови од батеријата.„-објаснува професорот Фридрих.

Денес батерија, утре авион

Кај постоечки процеси за рециклирање се преработуваат само одредени делови од батеријата, како на пример хемискиот елемент кобалт. Останатите делови се уништуваат. Сложениот процес на кој во моментов работат научниците од Ахен, за индустријата до сега беше премногу сложен и скап:

„Батеријата на мобилниот телефон е многу сложен систем и од неа до сега ни успеа да преработиме метали како алуминиум, железо и кобалт, па дури и електролити. За сите овие елементи најдовме друга примена. Како на пример: Кобалтот најде свое место во легурите кои се користат за производство на авиони, легури на алуминиум се вградуваат во автомобилите, а од железните суровини се прави челик. „

Постојат делења во стопанската исплатловост

Научниците од Ахен денес можат да преработат дури 90 проценти од металните делови на батеријата на мобилните телефони. Овие материјали имаат голема вредност. Но, рециклирањето е толку компликувано, што инженерот Јерн Белке стравува дека новиот процесот на преработка нема да се исплатува:

„Дали процесот на рециклажа на метали некогаш ќе биде стопански исплатлив, во моментов неможе да се каже. Можно е воведување на еден вид кауција што би ја плаќале индустријата и потрошувачите со цел да се обезбеди стопанската исплатливост на процесот.„

Но, се едно дали со кауција или не процесот на рециклажа на батериите од мобилните телефони останува неопходен.

Европската Унија минатата година во септември усвои одредба според која до 2009 година задолжително 50 проценти од вкупно собраните батерии треба да се рециклираат. Меѓутоа, токму собирањето на батерии претставува голем проблем. Затоа сите земји членки на Унијата развија соспствени системи за собирање на батериите. Во големите супермаркети и стоковни куќи каде се продаваат мобилни телефони поставени се и мали контејнери за батерискиот отпад.

Со темата рециклирање се занимаваат и големите произведувачи на мобилни телефони

Тие заедно со организациите за заштита на животната околина преку рекламни спотови ги повикуваат корисниците да ги предаваатт старите мобилни апарати.

Но, и покрај сите апели неможе да се промени навиката да се чуваат дома се повеќе стари апарати. Според некои проценки само во Германија има 135 милиони стари мобилни телефони во домовите. Бројката секоја година се зголемува за уште 35 милиони.