1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Атентаторот во Лондон бил осуден терорист

ЕМФ | агенции
30 ноември 2019

Усман К. минатата година бил пуштен од затвор предвреме, соопшти полицијата. Тој бил осуден за тероризам во 2012 година.

https://p.dw.com/p/3U0Uj
England London Bridge Schießerei
Фотографија: Reuters/L. Poulton

Атентаторот во Лондон е осуден 28-годишен терорист, кој пред една година бил предвреме пуштен од затвор, изјави рано изутринава шефот на британските антитерористички полициски сили, Нил Басу. Усман К. бил осуден за терористички дела во 2012 година. Во декември 2018 година бил пуштен од затвор откако претходно се согласил да носи електрична алка на ногата со цел да биде надгледуван.

Усман К. вчера попладне на Лондон Бриџ со ноќ уби двајца минувачи и повреди уште тројца. По турканица со минувачи, беше застрелан од страна на полицијата. На телото носел макета на појас со експлозив, соопшти Басу. Полицијата истражува дали во нападот можеби биле вклучени и други лица и дали и натаму можеби постои закана за јавноста.

England London Bridge Schießerei
Фотографија: Reuters/P. Nicholls

Усман К. пред нападот учествувал во програмата „Да учиме заедно“, на локација во близина на мостот. Според медиумски извештаи, станува збор за програма за ресоцијализација на поранешни затвореници, организирана од Универзитетот Кембриџ.

Повеќе:

Бројот на терористички напади значително намаленБританија: беспомошни против тероризмот

Со единство и солидарност против тероризмот

Британскиот премиер Борис Џонсон за Би-Би-Си изјави дека отсекогаш бил против тоа тешки злосторници да бидат предвреме пуштани од затвор, особено ако притоа се работи за терористи.