Арктичка снежна бура зафати делови од Европа
26 февруари 2018Арктичката бура која ја погоди Европа, доведе до затворање на училишта во Бугарија и Романија, и проблеми во сообраќајот. Мобилизирани се илјадници дополнителни работници за надминување на состојбата.
Во Германија, на алпскиот врв Цугшпице беше забележана рекордно ниска темперура од -27 степени целзиусови за оваа зима. Во северните покраини откажани се десетици летови поради снегот и ниските температури.
Во Италија, агенцијата за цивилна заштита ја испрати армијата да ги расчистува улиците затрупани од снег во главниот град Рим, кој утрово беше речиси парализиран. Јавниот транспорт речиси е целосно запрен, иако во градот паднаа само неколку сантиметри снег.
На Балканот, во Хрватска и БиХ, снежното невреме завеа цели региони и ги затвори патиштата. Хрватската влада ангажираше околу 1.000 војници да ги расчистуваат најтешко погодените региони.
Градовите на хрватското крајбрежје се погодени од силни ветрови кои го оневозможуваат сообраќајот кон островите. Погледнете повеќе во видеото:
Во следнава галерија потсетуваме и на тоа како во минатата година зимата го држеше во костец Балканот: