Изграден во 6 век, реконструиран во 15 век, вака денес, во 21 век, изгледа Скопскиот аквадукт- културно наследство од исклучително значење.
https://p.dw.com/p/4dWSz
Реклама
Насекаде околу Скопскиот аквадукт има ѓубре, градежен шут и остатоци од храна. Државата во 2021 година го прогласи овој историски објект за културно наследство од исклучително значење. Но, не прави ништо ни за да го санира, ниту пак да го заштити.