1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиШпанија

Зграда во пламен во Валенсија

Каспар Хеболд | афп
23 февруари 2024

Катастрофален пожар во Валенсија - пламените јазици „голтнаа“ зграда од 14 ката.

https://p.dw.com/p/4cn4l

Во Валенсија се запали зграда од 14 ката. Во пламен беше целата фасада. Во пожарот загинаа најмалку 4 лица, а 14 сѐ уште се водат како исчезнати, соопшти претставничка на регионалната влада. Се претпоставува дека пожарот избил на четвртиот кат и брзо се проширил, соопшти Службата за итни случаи.

Пожарникарите спасуваа луѓе заглавени на балконите. Дел од станарите се префрлени во болница поради вдишување чад и изгореници. Иако биле распоредени 16 противпожарни и неколку амбулантни возила, борбата против огнот била тешка поради ветрот, соопшти Противпожарната служба.

Пожарот буди сеќавања на трагедијата во лондонската висококатница Гренфел Тауер во 2017 година. Во пожарот во 24-катната зграда загинаа 72 лица. Пожарот тогаш исто така брзо се прошири поради високозапаливи материјали од кои била направена фасадата.