1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија отворен првиот пловечки ЛНГ-терминал

ЕМФ / дв | АРД
17 декември 2022

Пловечкиот терминал треба да придонесе за затворање на дупката во снабдувањето со гас настаната со прекинот на испораката на руски гас во Германија.

https://p.dw.com/p/4L652
Специјалниот брод „Хег Есперанца“ ќе служи како пловечка платформа за префрлање и регасификација на ЛНГ
Специјалниот брод „Хег Есперанца“ ќе служи како пловечка платформа за префрлање и регасификација на ЛНГФотографија: Hauke-Christian Dittrich/dpa/picture alliance

Прелку ЛНГ-терминалот во Виљемсхафен би требало да се покриваат околу 6% од германските потреби од гас. Неколку други терминали би требало да се отворат до крајот на годината и тоа во Брунсбител, Штаде и Лубмин. Сите заедно би покривале околу една третина од потребите од гас, соопшти германското Министерство за економија.

Сепак, Сојузот на германската индустрија (БДИ) предупредува од преголема еуфорија - опасноста од недостиг од гас сѐ уште не е надмината.

Германскиот канцелар Олаф Шолц за весникот „Зиддојче цајтунг“ изјави дека во текот на наредната година ќе се градат нови терминали. Според канцеларот, потребите од гас ќе бидат покриени и наредната зима (2023/24) и тоа со гас од Норвешка, САД, регионот на Персискиот Залив и Холандија.

Deutschland Wilhelmshaven | Eröffnung von LNG-Terminal | Robert Habeck & Olaf Scholz & Christian Lindner
Министерот за економија Хабек, канцеларот Шолц и министерот за финансии Линднер (од л. кон д.) во Виљемсхафен, на отворањето на ЛНГ-терминалотФотографија: Michael Sohn/REUTERS

Министерот за економија Роберт Хабек во интервју за првиот канал на германската телевизија ја бранеше својата енергетска политика и рече дека владата „одлучи мудри, реагираше решително и постигна нешто што на средината од годинава со право се сметаше за невозможно“. Хабек ги отфрли обвинувањата од заштитниците на климата декаГерманија создава премногу капацитети за гаси си го затвора патот за постигнување на климатските цели: „За премногу капацитети не може да стане збор“, потенцираше министерот и укажа дека терминалите ќе покриваат само една третина од потребите за гас, а освен тоа, пловечките ЛНГ-терминали може и флексибилно да се користат.

Заштитниците на климата остро го критикуваа терминалот кој денеска е пуштен во употреба. Оранизацијата за заштита на животната средина Дојче Умвелтхилфе најави преземање правни чекори со цел да се постигне ограничување на периодот на работа на терминалот. „Климатската криза и енергетската криза не смеат да се користат една против друга“, оцени раководителот на Дојче Умвелтхилфе, Саша Милер-Кренер. Тој стравува дека со прекумерен увоз на течен гас ќе се загрози целта за намалување на штетни издувни гасови.

Протести во Виљемсхафен против отворањето на ЛНГ-терминалот
Протести во Виљемсхафен против отворањето на ЛНГ-терминалотФотографија: Sina Schuldt/dpa/picture alliance

И еко-активистката Луиза Нојбауер, која е една од најпознатите претставници на движењето Петоци за иднината во Германија, ја критикува остро германската влада и нејзината климатска политика. Според Нојбауер, земјата стагнира во сферата на обновливи енергии, заштита на климата и штедењето енергија.

Повеќе ЛНГ за Европа значи помалку за Азија