1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Визе бара да се изврши притисок врз Србија

ЕМФ / ртр
3 ноември 2022

Заменикот шеф на пратеничката група на германската владејачка СПД, Дирк Визе, бара да се изврши притисок врз Србија во борбата против илегалната миграција.

https://p.dw.com/p/4IzlM
Bundestag | Abstimmung über die Abschaffung des Werbeverbots für Abtreibungen
Фотографија: Carsten Koall/dpa/picture alliance

„Како земја која сака да стане членка на Европска Унија, Србија не може да биде вклучена во наводна дестабилизација од трети страни“, изјави Дирк Визе од германската владејачка СПД за Ројтерс.

Изјавата на Визе доаѓа по обвинувањата дека Србија пушта луѓе од азиските земји, кои потоа продолжуваат натаму во Шенгенската зона. Во Германија со недели се зголемува бројот на бегалци. Со обвинувања за поттикнување миграциски движења е соочена и Русија.

Мигранти на шини во Србија, во близина на границата со Унгарија
Мигранти на шини во Србија, во близина на границата со УнгаријаФотографија: Darko Vojinovic/dpa/AP/picture alliance

Бегалците не смеат да станат топка во нечии раце, предупредува Визе: „И, не смее да постои ниту трошка сомнеж дека посебната блискост на Србија со Русија е фактор на влијание по тоа прашање. Србија мора јасно да сигнализира дека сака да чекори по европскиот пат и дека својата иднина ја гледа во Европа“, оценува Визе пред почетокот на денешниот самит за Западен Балкан во Берлин, на кој учествуваат претставници на шесте држави од Западен Балкан и на влади од земји членки на ЕУ, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.