1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
струја
Најавите се дека до Нова година нема да има промени со цената на струјата, но за потоа никој не знае во кој правец ќе се движат работитеФотографија: picture-alliance/dpa/J. Woitas

До кога ќе расте цената на струјата?

ДТЗ
22 септември 2022

Најавите се дека до Нова Година нема да има промени на цената на струјата, но никој не знае како ќе се движат работите потоа. Надлежните уверуваат дека цената на струјата во земјата е една од пониските во регионот.

https://www.dw.com/mk/uste-ne-e-pocnata-grejnata-sezona-a-graganite-veke-kukaat-od-smetkite-za-struja/a-63201898

Уште не е започната грејната сезона, а граѓаните, општините и компаниите веќе кукаат поради високите сметки за струја. Дел од нив се жалат дека речиси двојно им се зголемени издатоците за струја, други не можат да се помират со висината за трошоците за пренос на електричната енергија, коишто често се поголеми од количеството на потрошениот енергенс. „Ако сега се вакви сметки, колкави ќе бидат во зима?“, загрижено коментираат граѓаните, кои сѐ посилно ги чувствуваат последиците од економската и енергетската криза. Загриженост има и кај стопанствениците, и во локалната самоуправа, каде сѐ потешко се врзува крај со крај - место подмирување на тековните трошоци се тоне сѐ подлабоко во долгови. 

Што по Нова година?

Ситуацијата не е за шегување и сите мора да го стегнат ременот за штедење, апелираат надлежните институции веќе подолг период. Најавите се дека до Нова Година нема да има промени со цената на струјата, но за потоа никој не знае во кој правец ќе се движат работите. 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, за емисијата Економски Магазин на „Алсат“ рече дека цената на струјата до Нова година нема да се менува. Но, тој додаде дека за да остане сегашната цена, треба да немаме потреба од дополнителен увоз на електрична енергија.

„Регулаторната комисија за енергетика од 2019 година не ја определува цената на ЕСМ, туку ЕСМ сами, со одлука на Влада, утврдуваат цена со којашто се јавува на тендерот на 'ЕВН Хоум', така што, мислам дека сега е премногу рано да зборуваме за какви било промени на цената на електричната енергија на регулираниот пазар. За да се исполни условот, да нема зголемување на електричната енергија, треба да немаме потреба од увоз на струја. Сега засега, до 31 декември, нема да има промена на цената за регулираниот пазар“, рече Бислимоски.

Марко Бислимоски струја
Цената на струјата до Нова година нема да се менува, вели Марко БислимоскиФотографија: DW/K. Delimitov

Потписи против монопол

Стопанската комора за енергетика на Македонија најавува организирање на иницијатива за одземање на сите лиценци на ЕВН и на целокупниот имот на оваа компанија. Комората одржа вонредно Собрание. Синоќа информираше дека едногласно е одлучено да се стави крај на монополот ЕВН. За таа цел ќе се собираат 10 илјади потписи од членови, граѓани и компании.

„По доставувањето на известувањата за отпочнување со собирање на потписи до Министерство за правда, МВР, Владата и останатите надлежни институции, ќе се подготват формулари за собирање на потписи и од 1 октомври ќе започне постапката за собирање потписи за национализирање на ЕВН, на правно дефинирани пунктови во државата“, најавуваат од комората. 

Една од пониските цени на струја во регионот

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, смета дека цената на струјата во Северна Македонија е една од пониските во регионот. 

„Северна Македонија никогаш во последните 20 години не била енергетски независна, но многу подобро се снаоѓаме во период на енергетска криза отколку земјите во регионот. За наша среќа, нашите граѓани и стопанственици досега немаат минута недостаток на електрична енергија освен во регионите каде може да има одредена хаварија“, рече Битиќи на собраниската комисиска расправа по владиниот предлог да продолжи кризната состојба до 30 април 2023 година.

Според него, справувањето со енергетската криза не е процес кој може да се случи преку ден или преку ноќ, но, „со фактот дека обезбедуваме електрична енергија за целиот регулиран пазар, значи дека обезбедуваме електрична енергија за домаќинства 100 отсто со фиксна цена, која, споредено со регионот, е една од пониските и второ, регулирана цена за стопанството за сите мали потрошувачи“. Тоа значи дека околу 68 илјади субјекти кои влегуваат на регулираниот пазар, а се дел од стопанството, обезбедуваат електрична енергија по регулирана цена.

Далновод струја
Цената на струјата во Северна Македонија е една од пониските во регионот, смета вицепремиерот за економски прашања, Фатмир БитиќиФотографија: dapd

Енергетска независност 

Излез од кризата се бара во енергетската независност на земјата, со оглед на тоа дека се затвораат патиштата за снабдување со гас. Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на предавањето на Колумбија Универзитетот во дискусија со студентите потенцираше дека земјата започнала со стратешки проекти во државата за градење фотоволтаици.

Основен капацитетот кој што е потребен во државата е 1,5 гигавати основна енергија, а во овој момент недостигаат 30% или  500 гигавати. „Тој простор сакаме да го пополниме со фотоволтаици и со ветерни турбини, правиме стратешки договори само со германски, американски и француски компании. Но, овие извори нема да ја дадат основната енергија и затоа дискутираме за ко-генеративни електрани со гас кои што требат да се изградат на територијата на Северна Македонија и хидроелектрични централи кои што ќе се изградат токму со државите кои што ни се стратешки партнери”, рече Ковачевски.

Тој вели дека земјата нема да се потпира само на руски гас, поради што веќе се резервирани капацитети во Александруполиџ, во Грција, каде што ќе има терминал за течен природен гас. „Веќе започнавме со новиот гасовод кој што ќе оди од југ кон север, од Солун кон Северна Македонија, а веројатно ќе се поврзат и Косово, Србија, Романија, и тоа ќе не снабдува со течен природен гас. Со овој интерконектор ќе може да се приклучиме на трансатлантскиот гасовод и ќе добиваме гас од Азербејџан, затоа што нивниот гас е секогаш поевтин и секогаш е посигурен. Практично, ова е  диверзификацијата на изворите во снабдувањето”, вели премиерот. 

Инфлацијата го зголемува притисокот врз сиромашните


 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Енергетската криза во фокусот на македонската политика

Мицкоски: И јавните претпријатија на регулираниот пазар

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница