1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евакуирани 151 патник од Блискиот Исток

12 март 2026

МНР евакуираше 151 патник од Блискиот Исток со организиран лет. Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски нагласува дека безбедноста на граѓаните останува приоритет.

https://p.dw.com/p/5ADrh
Авион на „Луфтханза“ со германски туристи евакуирани од Блискиот Исток на аеродромот во Франкфурт, Германија, на 5 март 2026 година.
Евакуирани 151 патник од Блискиот ИстокФотографија: Kai Pfaffenbach/REUTERS

На Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа пристигна третиот организиран лет со патници кои успешно беа евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Според информациите на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, патниците претходно со организиран превоз биле транспортирани до Ријад, од каде што со специјален владин авион безбедно го напуштиле регионот погоден од тековната криза.

Евакуацијата извршена според планот на МНР

„Во авионот имаше 151 патник, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји. Евакуацијата беше реализирана врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции“, објави Муцунски на Фејсбук.

Тој истакна дека безбедноста на македонските граѓани останува највисок приоритет и дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува на располагање на сите државјани кои имаат потреба од поддршка во погодените региони на Блискиот Исток.

Меѓу патниците – најмногу македонски државјани

Во третиот лет, покрај 109 македонски државјани, биле превезени и државјани на други земји, коишто побарале помош од Македонија. Во вторникот (10 март), на скопскиот аеродром пристигнаа 150 патници евакуирани од Обединетите Арапски Емирати. Трошоците за летовите се целосно покриени од државата.

Евакуацијата следеше по воените дејствија на Блискиот Исток, по што со неколку лета беше организирано враќање во земјата на македонски државјани кои побарале помош. На приоритетна листа беа жените и децата, како и оние коишто туристички заминале во кризните региони.