1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КлимаГлобално

Сончаница или топлотен удар: што треба да знаете?

Хана Фукс
11 јули 2023

Најавата за топлотен бран во Македонија, треба да го вклучи алармот за заштита од сонце и топлина. Ризикот од сончаница или топлотен удар е голем. Ова се симптомите и нашите препораки како да се заштитите.

https://p.dw.com/p/4TjM6
Клима Топлотен бран
Разладувањето е клучно при топло времеФотографија: Ulises Ruiz/AFP

Конечно лето! Повод да се отиде до парк или езеро. Трчање, пливање, сончање- многу начини да се искористи убавото време. Но, во еден момент, може да дојде премногу и на телото му е потребен одмор. Доколку минувате премногу време на сонце, можете да добиете топлотна истоштеност (сончаница). А оние кои работат тешка работа на жештина, можат да доживеат и топлотен удар. Како се случуваат и како да ги препознаете? Еве неколку совети за безбедно лето. 

Што е топлотна истоштеност? 

Долга изложеност на сонце или на екстремно високи температури може да предизвикаат прегреаност на телото и да доведат до сончаница. Топлотната истоштеност е состојба предизвикана од топлина слично како топлотен осип, топлотни грчеви или топлотен удар. Иако е полесно од топлотниот удар, доколку не се лекува може да доведе до сериозни проблеми. 
Вообичаено првиот сигнал за сончаница е главоболка. Топло ви е, вашето лице е вцрвенето, многу се потите, потешко се движите, и можно е да чувствувате умор, гадење и нагон за повраќање. Можно е да почувствувате и вртоглавица и несвестица. 

Што да не очекувате: Кожата на човек со сончаница вообичаено не е топла, туку студена. 

Заштита од сончаница
Симптоми на сончаница: Грчеви или топлотни бранови, екстремно потење, зацрвенување на лицето, побавно движење

Што да сторите при топлотна истоштеност? 

Најпрво, оние кои страдаат од сончаница треба итно да се тргнат од сонцето, на студено место или под сенка, и да пијат вода што побрзо. Студени и влажни крпи можат да помогнат да се олади телото. Дополнително, некој со топлотна истоштеност мора да пие многу течности за да ја вратат рамнотежата на водата на нормално ниво. Студената вода и спортските пијалоци ги обновуваат загубените соли, но избегнувајте алкохол и кофеин. Паралелно со прекумерното потење, тие дополнително ќе ве дехидрираат, што ќе доведе до уште поголема загуба на течност, и тоа до два литри на многу топли денови, велат експертите. 
Додека симптомите не се подобрат, треба да се мирува. 

Важно: во тешки случаи, може да дојде до повраќање, конфузија, па дури и несвесност. Доколку тоа се случи веднаш побарајте лекар, барем за да се исклучи топлотен удар.  

Уште едно скопско изгор лето

Што е топлотен удар? 

Поимите топлотна истоштеност (сончаница) и топлотен удар често се мешаат. Наместо како две различни нешта, гледајте на нив како на два различни степени на затоплување на вашето тело. Но, топлотниот удар е поопасен од топлотната истоштеност. Топлотниот удар може да се случи кога, на пример, вршите физичка активност на висока температура или кога топлотната истоштеност не се третира правилно.
Кога надвор е екстремно топло, телото апсорбира повеќе топлина одошто може да испушти. Телесната температура може да порасне до 41 степени Целзиусови за 10 до 15 минути. Ова акутно прегревање може да предизвика антивоспалителна реакција низ целото тело. 
Регулаторниот топлински систем на телото крахира и потењето престанува. Потењето е начинот преку кој телото се лади, и без него температурата на телото почнува да расте. 
Топлотниот удар е животно загрозувачки. Симптомите се нарушена свесност, главоболка, вртоглавица и гадење, повраќање, диареа и низок крвен притисок. Топлотните удари се развиваат во рок од еден од шест часа и можат да предизвикаат смрт во рок од 24 часа доколку адекватно не се третираат. 

Извештај за климата во Европа: невидена жештина и суша

Кај постарите, хронично болните и децата, топлотниот удар најчесто се случува поради комбинација од висока температура и голем недостаток на течности и електролити. Кај здравите возрасни лица, преголема физичка активност на топло, сончево време, како спорт или работа надвор, најчесто предизвикува топлотен удар. 

Топлотен удар Симптоми
Симптоми на топлотен удар: Делириум, тресење, престанок на потење, некоординираност

Што да сторите при топлотен удар?

Алармирајте ја итната помош при првите сигнали на топлотен удар. Загрозеното лице треба итно да се тргне од сонце или топлина, на студено место или под сенка. Телото треба брзо да се излади по можност со студена вода, ледена бања или намокрени алишта, и да пие течности. Непотребната облека да се извади. Доколку лицето е во несвест, но дише нормално, треба да се постави во стабилна лежечка позиција додека да пристигне итната помош. Нормалното дишење и свесноста треба постојано да се проверуваат. Доколку лицето не дише нормално, треба да се започне со реанимација.

Избегнување на топлотна истоштеност и топлотен удар 

При екстремно високи температури, регулаторниот систем на нашето тело брзо доаѓа до своите крајни граници. Дополнително, постарите луѓе честопати пијат премалку вода. Поради тоа, телото не може да продуцира доволно пот, што пак го отежнува ладењето на телото. Честопати, препорачливо и најсигурно е да се повика лекар.
Најдобриот начин да се избегне на топлотна истоштеност или топлотен удар е очигледен: не излегувајте премногу на сонце и особено не околу пладне, заштитете ја главата со светла капа, избегнувајте изложување на екстремна топлина и пијте многу течности. Непишано правило е дека на возрасните им е потребно најмалку половина литар вода повеќе од вообичаеното на топли денови. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи