1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТајланд

Разорен земјотрес ги погоди Тајланд и Мјанмар

ЖА
28 март 2025

Тлото со минути се тресело во земјите од Југоисточна Азија Мјанмар и Тајланд. Висококатница во изградба се урнала во Бангкок. Штети има и во Кина.

https://p.dw.com/p/4sNmU
Тајланд земјотрес
Спасувачки екипи во потрага по евентуални настрадани по уривањето на зграда во Банкок од силниот земјотресФотографија: Lillian Suwanrumpha/AFP/Getty Images

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени меѓу другото го погоди и главниот град на Тајланд Бангкок. Ова го соопшти германскиот центар за географски истражувања Хелмхолц. Американската опсерваторија за земјотреси (УСГС) исто така извести за јачина од 7,7 степени. Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од мјанмарскиот град Сагаинг на длабочина од десет километри. Вториот земјотрес, дванаесет минути подоцна се вели дека бил со јачина од 6,4 степени.

Повеќе од 17 милиони луѓе живеат во пошироката област на Бангкок, од нив многу живеат во високи згради. Продавниците во метрополата биле евакуирани, а бројни луѓе во паника ги напуштиле своите домови, останувајќи на улица со минути по земјотресот. Потресот бил толку силен што водата избила од базените, пренесува новинската агенција АП.

Земјотрес Банкок Тајланд
Илјадници жители на Банкок во паника излегоа на улиците по силниот потресФотографија: Candida Ng/AFP/Getty Images

Според локалната полиција, се урнала висококатница во изградба, сѐ уште не е јасно дали има загинати или повредени. На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како катната зграда и кранот се уриваат, предизвикувајќи облак од прашина. Луѓето врескале и панично бегале.

Тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра го откажа патувањето за да одржи итен состанок, објави таа на X.

Урната зграда во изградба при земјотресот во Банкок
Урната зграда во изградба при земјотресот во БанкокФотографија: Ann Wang/REUTERS

Нема конкретни информации за жртви од Мјанмар. Меѓутоа, во внатрешноста на градот Аунг Бан, се урнал хотел и се смета дека таму се затрупани многу луѓе, како што објавија спасувачките тимови на социјалните мрежи. Земјотресот се случил на околу 50 километри источно од Монива во центарот на земјата. Според извештаите на медиумите, во градот Мандалај на исток, вториот по големина град во Мјанмар, се урнале згради, а во Сагаинг се урнал стар мост.

Земјотресите се релативно чести во Мјанмар.  Според УСГС, помеѓу 1930 и 1956 година, шест силни земјотреси со магнитуда од најмалку 7 степени се случиле во близина на таканаречениот Сагаинг Фаулт, кој минува низ земјата од север кон југ.

Земјотрес Тајланд
Се стравува за бројни жртви по земјотресот во Тајланд и Мјанмар, причинета е и голема материјална штетаФотографија: Lillian Suwanrumpha/AFP/Getty Images

Кинеската управа за земјотрес  соопшти јачина од 7,9 степени на потресот регистриран во земјата и соопшти дека земјотресот се случиле во јужната провинција Јунан. Според медиумите, меѓу погодените се и големиот град Кунминг и местата Лиџијанг и Дали, кои се популарни кај туристите. Агенцијата за цивилна заштита во градот Руили  објави за штети на куќи и повредени, како што пренесоа кинеските медиуми, повикувајќи се на властите.