1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Обвинителство Вилма Русковска Љубомир Јовески
Државниот обвинител Љубомир Јовески ја суспендира шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма РусковскаФотографија: DW/P. Stojanovski
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Русковска суспендирана по судирот со Муареми

ДТЗ
16 август 2022

Судирот околу претресот во Управата за финансиска полиција резултираше со суспензија и дисциплински мерки за обвинителки кои се борат против организиран криминал. Муареми, пак, поднесе оставка од директорската функција

https://www.dw.com/mk/rasplet-po-sudirot-ruskovska-suspendirana-muaremi-poveke-ne-e-direktor-na-finansiskata-policija/a-62824333

Судирот околу претресот во Управата за финансиска полиција резултираше со суспензија и дисциплински мерки за обвинителки кои се борат против организиран криминал. Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, пак соопшти дека се повлекува од позицијата.

„Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Денешната одлука на Јавниот обвинител на Македонија дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и дека злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви“, се наведува во соопштението од Муареми.

Претходно, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја суспендираше обвинителката Вилма Русковска, која што е на чело на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и поведе дисциплинска постапка за неа и за нејзините соработнички - обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева.  

Јовески смета дека тие направиле „крупна професионална грешка“

„Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство“, се наведува во соопштението.

Со решение потпишано од Јовески, обвинителката Русковска е оддалечена од функцијата јавен обвинител додека трае кривичната постапка, поведена по поднесената кривична пријава против неа од страна на првиот човек на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Русковска во рок од осум дена може да се жали до Советот на јавните обвинители на ваквата одлука. 

Анонимна пријава 

Тој на брифинг со новинарите (3.08) најави дека ќе поднесе кривични пријави против обвинителкитеВилма Русковска,  Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска во врска со претресот што на 18 јули го извршија обвинители на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во Управата за финансиска полиција. Случајот бил отворен по анонимна кривична пријава на 3.5.2022 година, а на 18.7.2022 започна претресот. Муареми се жалеше на суштествени недостатоци на наредбата за претрес и начинот на постапувањето при неговото спроведување. Тој тврдеше дека има „низа недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската практика, како и неоснованоста на примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на Обвинителството од страна на Управата за финансиска полиција“. Русковска возврати дека се работи за притисок врз работата на судот и обвинителството и дека не гледа причина за паника и нервоза доколку се работело според законите. 

Таа испрати јавен повик (3.08) до сите надлежни институции во државата и со сите меѓународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти - кој во државата се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Муареми возврати дека ако Русковска има сознанија и информации дека тој е инволвиран во криминал - да поднесе  обвинителен акт против него, а не со неосновани сознанија и информации, да ја дискредитира функцијата која ја извршува.

Јавното обвинителство на Северна Македонија (ЈОРСМ) се вмеша во судирот и меѓусебните обвинувања меѓу првиот човек на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми и шефицата на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. ЈОРСМ укажа на пропусти со случајот, откако Муареми испрати претставка за претресите во Управата, со коишто смета дека е нарушен и неговиот углед и на институцијата со која што раководи.

.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница