Пожар во Хонгконг: Бројот на загинати расте
27 ноември 2025
Одголемиот пожар во станбен комплекс во Хонгконг, бројот на загинати се искачи на 55. Според противпожарната служба, 51 лице починало на лице место, а 4 починале во болница. Во меѓувреме, вкупно 123 лица се повредени во пожар во населбата Таи По. Бројот на исчезнати сè уште не е конечен, а властите претходно го проценија на речиси 279.
Пожарот брзо се прошири во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во населбата Таи По рано попладне во средата (локално време). Сите осум блока со повеќе од 30 ката беа обложени со бамбусови скелиња додека се во тек работите за реновирање.
Седум облакодери беа зафатени од пожарот. Противпожарната служба објави дека пламените јазици се ставени под контрола и се изгаснати во четири станбени блокови.
Апсења и истрага
Повеќе од 1.200 пожарникари се бореа со пожарот цела ноќ. Бројни станари останаа заробени во зградите. Причината за пожарот сè уште е под истрага.
Во меѓувреме, полицијата уапси тројца мажи од градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност.
Властите соопштија дека постојат шпекулации дека материјалите што се користеле за работата можеби не биле во согласност со прописите за противпожарна безбедност.
Во меѓувреме, шефот на владата на Хонгконг, Џон Ли, нареди инспекција на сите згради во кинескиот специјален административен регион кои моментално се во процес на масовно реновирање. Традиционално користените бамбусови скелиња во градежништвото се постојана грижа во однос на противпожарната безбедност.