1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По пет препораки за учебниците во С. Македонија и Бугарија

ДТЗ
15 август 2022

С. Македонија и Бугарија заедно ќе го чествуваат Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и цар Самоил. Промените во учениците не допираат до идентитетските прашања, вели Драги Ѓоргиев.

https://p.dw.com/p/4FXdt
Драги Ѓоргиев
Драги Ѓоргиев вели дека од македонската страна има пет препораки за бугарските учебници за 5 одделение и исто толку бугарски препораки за македонските учебници за 6 одделение кои го третираат античкиот периодФотографија: Petr Stojanovski/DW

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања предлага по пет препораки за надминување на историските разлики и недоразбирања меѓу двете земји, коишто ќе бидат предложени на владите во двете земји. Првиот човек на Комисијата, копретседателот Драги Ѓоргиев, информираше дека ќе се менуваат делови од учебниците во двете земји за кои има недоразбирање. „Проценивме дека тие можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двете народи и држави и кај младите генерации да предизвикаат тензии и омраза“, вели Ѓоргиев. 

На прес-конференција во Скопје тој соопшти дека од македонската страна има пет препораки за бугарските учебници за 5 одделение и исто толку бугарски препораки за македонските учебници за 6 одделение кои го третираат античкиот период. Дадени се и препораки за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Идентични текстови

Изготвени се идентични текстови, кои ќе бидат доставени до двете влади на усвојување, но тие немаат обврзувачко дејство. Доколку бидат усвоени од владите во двете земји,  процесот ќе продолжи на тој начин што препораките ќе бидат вметнати во идните учебници, а авторите на книгите ќе треба да ги земат предвид при подготвувањето на материјалите.

„Препораки има за оние места каде нашата страна сметаше дека требаше да има е подобрување во бугарските учебници за одредени теми“, вели Ѓоргиев. 

Nordmazedonien Bulgarien Historikerkommission
Ќе се менуваат работи во учебниците во двете земји за кои има недоразбирањеФотографија: Government of North Macedonia

Препораките не се задолжителни и се однесуваат на структурални недоследности во учениците, фактографски грешки, како се претставени одредени географски региони во учебниците, бидејќи има пропусти и во двата образовни система.

„Тие не допираат до идентитетските прашања, повеќе се насочени да се избегне митологизација на античкиот период во образованието на двете страни и да се избегне националната перспектива на денешните држави во антиката и сметаме дека на тој начин ќе се подобрат учебниците во двете земји“, дециден е  Ѓоргиев.

Заедничко чествување

Во однос на чествувањето на празниците - комисијата го имала предвид придонесот на тие личности во развивањето на христијанската култура и традиција и придонесот за развојот на словенската писменост. „Се трудевме во тој контекст текстовите да имаат поширок, регионален аспект, оти тие личности овозможуваат да бидат дел од заеднички чествувања и на ред други словенски земји во чие наследство влегуваат дејноста и делото на споменатите личности“, вели македонскиот копретседавач во комисијата, којашто беше формирана за надминување на историските разлики меѓу двете земји.. 

Станува збор за решенија усогласени во историската комисија уште во 2019 година за неколку личности од средновековието. Според Протоколот што на 17 јули во Софија го потпишаа министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, двете држави се обврзаа да ги објават усвоените препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема