1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РамноправностСеверна Македонија

Марш за видливост на трансродовите лица

29 март 2024

Во Скопје се одржа марш за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

https://p.dw.com/p/4eFuR
марш трансродови лица Скопје
Марш за видливост на трансродовите лицаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Трансродовите лица одбиваат да бидат избришани или замолчени и продолжуваат со својата битка да бидат прифатени како интегрални членови на нашето општество. Во пресрет на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА организираше Марш за видливост на трансродовите лица во Скопје.

марш на трансродовите лица, Скопје
Во Скопје се одржа марш за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството врз нивФотографија: Petr Stojanovski/DW

Со тоа и Северна Македонија се вклучи во глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

„Видливоста е од суштинско значење во борбата за правата на трансродовите луѓе, особено во недоволно либерално и прилично затворено општество како македонското. Видливоста е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе“, порачаа од ТрансФормА.

марш на трансродовите лица, Скопје
Tрансродовите лица бараат намалување на насилството врз нивФотографија: Petr Stojanovski/DW