1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Коалицијата на волните и безбедносните гаранции за Украина

ЕМФ / афп
6 јануари 2026

Коалицијата на волните се состанува во Париз за да претстави конкретни планови за безбедносни гаранции за Украина, вклучувајќи следење на можно примирје и можни мултинационални сили.

https://p.dw.com/p/56O69
Франција Париз 2025 | Самит за Украина со Зеленски и западни шефови на држави и влади
Првпат од минатиот март 35-те членки на коалицијата се среќаваатт повторно во полн состав и со физичко присуствоФотографија: Ramon van Flymen/ANP/picture alliance

Таканаречената „Коалиција на волните“ (оние што се подготвени да ја поддржат Украина) денеска (6.01) на средба во Париз планира да презентира поконкретни планови за безбедносни гаранции.

„Сега се согласивме за оперативните модалитети на овие безбедносни гаранции“, соопшти Елисејската палата. Соопштението по средбата во Париз, како што се вели, ќе го открие она „што дозволува воената тајна“.

Политичари од 35 земји разговараат за следење на можен прекин на огнот

Елисејската палата нагласи дека ова е првпат од минатиот март 35-те членки на коалицијата да се сретнат повторно во полн состав и со физичко присуство. Се очекува да присуствуваат дваесет и седум шефови на држави или влади, вклучувајќи го и украинскиот претседател Володимир Зеленски и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Од САД на состанокот ќе присуствуваат специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Ова е нивно прво лично присуство и се смета за знак на „зближување“ меѓу Украина, Европа и САД.

Според француски извори, разговорите, меѓу другото, ќе се фокусираат на тоа како треба да се следи можното примирје по должината на контактната линија од 1.400 километри. Ова следење првенствено би го спроведувале не војници, туку беспилотни летала и сателити. Секое кршење на очекуваното примирје потоа би требало да се процени за да се даде соодветен одговор. Елисејската палата потсетува дека по анексијата на Кримскиот Полуостров во 2014 година секојдневно имало извештаи за кршење на примирјето.

Мултинационални сили како дополнителна заштита

Тема на дискусија ќе бидат и планираните мултинационални сили, кои би требало да бидат заштитна сила за Украина. Примарна безбедносна гаранција останува самата украинска армија, која за тоа треба да добие долгорочна поддршка, нагласува Елисејската палата.