1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Како Амнести Интернешнал го налути Киев

СН/агенции
5 август 2022

Организацијата за човекови права во својот последен извештај ја критикуваше воената тактика на украинската армија. Тоа предизвика остри реакции од страна на највисокото државно раководство во Киев.

https://p.dw.com/p/4FAA1
Обраќањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски во кое остро ја критикуваше хуманитарната организација Амнести Интернешнал
Обраќањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски во кое остро ја критикуваше хуманитарната организација Амнести ИнтернешналФотографија: Igor Golovniov/SOPA/ZUMA/picture alliance

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја обвини Амнести интернешнал (АИ) за „обид на давање амнестија на терористичката држава“ Русија, откако оваа невладина организација го обвини Киев за загрозување на цивилите во војната со Москва. АЛ „ја префрла одговорноста од агресорот на жртвата“, оцени тој.

Денеска шефот на украинската дипломатија, Димитро Кулеба, рече дека е „огорчен“ поради „неправедните“ обвинувања од оваа невладина организација.

Во извештајот објавен во четвртокот по четиримесечна истрага, АЛ ја обвини украинската војска за воспоставување војни бази во училишта и во болници и започнување напад од населени подрачја, што е тактика за која рече дека го крши меѓународното хуманитарно право.

И шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба огорчен од извештајот на АИ
И шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба огорчен од извештајот на АИФотографија: FranckCoffrini/AFP

Агресијата на нашата држава е неоправдана, инвазивна и терористичка. Ако некој напише извештај во кој жртвата и агресорот на некој начин се изедначуваат, ако се анализираат некои податоци за жртвата, а се занемарат делата на сторителот, тоа е неоправдано и не може да се толерира“, додаде Зеленски во дневната видео изјава.

Кулеба, пак, ја обвини АИ за „создавање лажна рамнотежа меѓу агресорот и жртвата, земја која уништува стотици и илјади цивили, градови, територии и земја која очајнички се брани“.

„Запрете да создавата лажна реалност, во која секој е по малку виновен за нешто и почнете систематски да ја изнесувате вистината за тоа Русија за што всушност се залага денес“, додаде тој.

Амнести интернешнал, меѓутоа, во својот извештај инсистираше на тоа дека украинската тактика „на никаков начин не ги оправдува неселективните руски напади“ кои го погодија цивилното население.