Kриминалци ги ограбуваат бугарските археолошки наоѓалишта
Култура
дв12 ноември 2014
Секоја година од Бугарија исчезнуваат уметнички предмети вредни милиони евра. Перперикон е едно од оние археолошки наоѓалишта кои безмилосно ги пустошат криминалци од секаков калибар. Тие се сѐ повешти и подрски, а непознати богати купувачи се пoдготвени да платат огромни суми за артефакти од периодот на Тракијците, античките Грци, Римјаните и Византија. Беспомошните археолози апелираат за помош.