1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Повисоки даноци за богатите во кризата

БГ /АФП
10 ноември 2022

Повисоки даноци и давачки за најбогатите во државата заради солидарна помошна најсиромашните во кризата, предлага владино советадавно тело. Идејата може да предизвика криза во владата.

https://p.dw.com/p/4JHb9
Криза Данок
Оние кои најмногу заработуваат треба да плаќаат повисоки даноци во кризата, предлагаат експерти на германската владаФотографија: Robert Schmiegelt/Geisler-Fotopress/picture-alliance

Оние кои најмногу заработуваат треба да плаќаат повисоки даноци за да помогнат во финансирањето на поддршката за семејствата кои се соочени со зголемени сметки за енергија, предлага советодавно тело на германската влада.

Експертите сметаат дека владата треба да донесе понасочени мерки за да се постигне поголема солидарност во екот на кризата со цените на енергенсите. 

Германската влада најави дека ќе инвестира 200 милијарди евра за да им помогне на бизнисот и домаќинствата да се справат со високите цени на енергенсите предизвикани од руската агресија врз Украина. Пакетот опфаќа и делумно ограничување на цените на гасот и струјата, кое ќе започне од 2023 година. 

Оние кои заработуваат повеќе треба да дадат поголем придонес во мерките за финансиска поддршка преку „привремено зголемување на даночната стапка или преку привремена давачка за енергетска солидарност“, сугерираат експертите. 

Потенцијален судир во владата 

„Во моментов се работи за целно олеснување за домаќинствата со низок и среден приход, а јавниот буџет не треба да биде преоптоварен“, изјави Ахим Тругер, член на советодавното тело. 

Се очекува предлогот да предизвика голема дебата меѓу трите партии кои ја сочинуваат германската влада. Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц го сметаат предлогот за „многу интересен“, како што рече парламентарецот Ролф Муцених. На другата страна се Либералите (ФДП), кои се спротивставуваат на зголемување на данокот. 

„Во ова време на растечки цени треба да им олеснуваме на луѓето, а не да додаваме дополнителни оптоварувања“, рече Кристијан Дуер, од ФДП. Солидарната давачка „ќе ги ослабне компаниите и приватните граѓани“, рече тој за весникот Билд. 

„Мораме да ја надминеме оваа криза со солидарност“, изјави канцеларот Шолц на презентацијата на извештајот. Мерките за поддршка се издржани затоа што „градат доверба“ за надминување на кризата, рече тој. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема