1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Symbolbild Euro-Geldscheine
Фотографија: picture-alliance/imageBroker/S. Klein

Германија ќе загуби 260 милијарди евра

Андреас Бекер
9 август 2022

Војната во Украина и високите цени на енергијата ја чинат Германија стотици милијарди евра додадена вредност. Се влошува и состојбата со невработеноста.

https://www.dw.com/mk/germanija-ke-zagubi-260-milijardi-evra/a-62756228

Поради војната во Украина и нагло зголемените цени на енергијата, германската економија до 2030 година ќе загуби над 260 милијарди евра додадена вредност, се оценува во студијата што заеднички ја направија Институтот за пазарот на работна сила и професионална обука (ИАБ), Сојузниот институт за професионално образование и Друштвото за економско структурно истражување.

Помалку работни места

Според студијата, конфликтот нанесува штета и на пазарот за работа: наредната година поради тоа без работа би биле околу 240.000 луѓе повеќе отколку во состојба без војна, а во периодот од 2022 до 2028 година тој број во просек би изнесувал 150.000 луѓе годишно помалку. Една од браншите кои се големи губитници во актуелната ситуација е гастрономијата, која беше тешко погодена и во пандемијата. Други големи губитници ќе бидат браншите кои имаат голема потреба од енергија, како хемиската и металуршката индустрија.

Што се однесува до брутодомашниот производ, тој во 2023 година би требало да биде понизок за околу 1,7% во споредба со ситуација во која не би се случил рускиот напад на Украина. „Економскиот пораст е особено намален поради растечките цени на фосилните суровини. Тоа ја оптоварува не само извозната економија, туку и можностите на приватните домаќинства за трошење“, се оценува во студијата.

- повеќе: Германците се загрижени за својот стандард

Авторите на студијата проценуваат дека санкциите против Русија ќе траат до 2030 година, дури и ако војната во меѓувреме биде завршена.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Балкански земји, како Србија и Северна Македонија - преку Бугарија ќе можат да добиваат азербејџански гас кој е поевтин од рускиот

Македонски приклучок до „новата епоха“

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница