1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прекумерно загадување

24 ноември 2023

Скок преку загадената поцрнета вода во заливот Хан, во Дакар.

https://p.dw.com/p/4ZO82
Заливот Хан во Дакар, Сенегал
Заливот Хан во Дакар, СенегалФотографија: John Wessels/AFP

Овој човек се обидува да не се намокри од загадената вода во заливот Хан, во Сенегал, кој некогаш важеше за еден од најубавите заливи во западниот дел на Африка. Долж заливот долг околу 14 километри се нанижани традиционални рибарски села и вили, како и туристички атракции.

Заливот Хан во последните 20 години стана центар на индустријализацијата на Дакар. Околу 80% од индустријата е сместена во овој регион. Денес тој е еден од најзагадените делови на Дакар. Преку заливот, во морето и на плажите завршуваат загадени отпадни води и хемикалии. Пластика и други штетни материјали има на длабочина од неколку метри во песокот. Некои семејства им забрануваат на децата да се капат во морето или да престојуваат на плажите. Поради прекумерното загадување многу луѓе имаат кожни болести, стомачни болести и проблеми со дишењето. Загадувањето се одразува и на традиционалната рибарска заедница. Порано во заливот имаше многу риби, но денес рибарите мора да пловат далеку за да уловат риби.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема