#dw_BalkanBooster: Во борба против „штетниците“ во општеството
Уметност
10 септември 2018
Квартот Трстеник во последните години стана жариште на урбаната уметност во Сплит, кој во воените 1990-ти загуби многу од својата урбаност. Трстеник го доби значењето на „арт кварт“ благодарение на уметничкото здружение Кварт. Членовите на Кварт, кои живеат и работат во Трстеник, наместо во галерии, делата ги излагаат на јавен простор. #dw_BalkanBooster тимот разговараше со уметникот Милан Бркиќ.