1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
закани бомби Скопје
Полициска станица, два трговски центри и седум средни училишта се евакуирани поради дојави за поставени бомби.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Дојави за лажни бомби на повеќе локации во Скопје

ДТЗ
9 декември 2022

Полициска станица, два трговски центри и седум средни училишта во Скопје од изутринава беа евакуирани поради дојави за поставени бомби. Полицијата соопшти дека сите се лажни.

https://p.dw.com/p/4KiT8

Полициска станица, два трговски центри и седум средни училишта во Скопје беа евакуирани поради дојави за поставени бомби. Полицијата информираше дека во 9.30 часот до нив преку електронска пошта биле испратенизакани за поставени експлозивни направи, по што биле преземени мерки за заштита на граѓаните и учениците. Проверките покажале дека сите дојави се лажни. 

Евакуација на повеќе локации

Според информациите на МВР, заканувачки пораки за поставени експлозивни направи добиле седум средни училишта во главниот град, како и Трговскиот центар „Ист Гејт“, Трговскиот центар „Бисер“, станбено-деловниот комплекс Флатрон, полициската станица Центар, како и Транспортниот центар.

закани бомби Скопје
Во тек се антитерористички проверки и на Транспортниот центар во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и останатите објекти и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

Лажни дојави

Полицијата попладнето информираше дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавите од училишта и други објекти во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

„Безбедносната состојба во Македонија е нарушена. Алармантно е што секој ден имаме лажни дојави за бомби во јавни објекти, а МВР со месеци не може да најде кој ги испраќа“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Секој ден се нарушува училишниот час на илјадници ученици во скопските средни училишта, се вознемируваат учениците, наставниот персонал и родителите. Денеска заради лажни дојави за бомби се предизвика паника и во шопинг молови, во јавни објекти како Железничката станица.  „Илјадници граѓани се во страв и под притисок секој ден. Власта мора итно да преземе мерки за враќање на безбедноста на ниво“, апелираа од опозицијата. 

Пред два дена за првпат освен до училиштата дојава за поставена бомба стигна и до Народната банка.

 

 

Ова е втора дојава за бомби во училишта и институции во Скопје неделава. Претходно закани добија девет средни училишта и Народната банка, за кои полицијата по проверките информираше дека се лажни. Земјата, како и регионот веќе неколку месеци се мета на хибридни напади. Надлежните информираа дека заканите доаѓаат од странски адреси и дека се работи на нивно лоцирање. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Bilderchronik des Krieges in der Ukraine | Bulgarien - Protest

Има ли руски зачин во македонско - бугарската чорба?

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница