Бил Клинтон негира дека знаел за злосторствата на Епстин
3 март 2026
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше дека немал сознанија за сексуалните злосторства на починатиот сексуален престапник Џефри Епстин, покажува видеото објавено од страна на Комитетот за истрага на скандалот Епстин на Претставничкиот дом на САД, во понеделникот. Снимката од сведочењето под заклетва, дадено пред Комитетот , е направена за време на дводневното сослушување минатата недела.
Што им кажа Клинтон на законодавците?
За време на своето сведочење, Бил Клинтон му рече на комитетот дека ги прекинал врските со Епстин со години пред осудениот сексуален престапник да се изјасни за виновен во 2008 година за подведување малолетни девојки за проституција. Бил Клинтон рече дека првпат се сретнал со Епстин во авионот на финансиерот поради добротворна работа на брачната двојка Бил и Хилари Клинтон во 2002 година, но дека нивниот контакт прекинал наредната година. „Ништо што видов кога бев во негова близина не беше дека би помислил дека тргува со жени“, рече Клинтон пред комитетот.
Сведочењето на Клинтонови доаѓа во време кога повиците за поголема транспарентност и одговорност во врска со досиејата на Епстин се зголемуваат. Меѓутоа, тие не се обвинети за никакво кривично дело.
Клинтон вели дека Трамп му зборувал за „некои одлични времиња“ со Епстин
Клинтон, исто така, се присети на разговор со Доналд Трамп, долго пред Трамп да стане претседател. Клинтон им кажа на пратениците дека Трамп му рекол дека имал „некои одлични времиња“ со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. „Некако [Доналд Трамп] знаел дека еднаш летав со авионот на Џефри Епстин“, изјави Клинтон пред комисијата. „Тој ми рече: 'Знаете, имавме некои одлични времиња во текот на годините, но го прекинавме контактот поради една работа со недвижнини.'“ Тој, исто така, рече дека Трамп никогаш не му рекол ништо што би го навело да помисли дека Трамп бил вмешан во нешто недолично со Епстин.
И Клинтон и Трамп признаа дека го познавале Епстин, но пред финансиерот да се изјасни за виновен во 2008 година. И двајцата повеќепати нагласуваа дека никогаш не виделе никакви докази за трговија со луѓе.