50 повредени во анти владини демонстрации во Будимпешта
19 септември 2006Стотици полицајци се распоредени низ улиците на главниот град на Унгарија во обид да спречат евентуачна реприза на синоќешните демонстрации кои прераснаа во судир со полицијата. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, најголем дел приврзеници на десницата кои до утринските часови дивееа низ улиците. Нешто по полноќ тие се повлекоа од зградата на телевизијата која претходно ја опожарија.
Оштетен е и споменикот на рускиот војник кој ја ослободи Будимпешта за време на втората светска војна.
Демонстрациите ги испровоцира објавата на видео запис на една локална телевизија во кој премиерот признал дека тој и неговата партија со лага извојувале победа на изборите во април. Опозицијата побара итна оставка на премиерот. Реагираше и претседателот на државата Ласло Солом кој изјави дека премиерот ја довел во опасност демократијата во Унгарија.
Премиерот Ѓурчањ за нередите ја обвини опзоицијата и побара одговорнос од организаторите. Доцна синоќа тој изјави дека насилството не треба да се користи како средство за изразување на мислењето и ги повика демонстрантите на смиреност
Инаку според последните испитувања на јавното мислење унгарците се поделени кога станува збор за доверба во новата влада која на последните избори вети намалување на даночната политика со што доби на популарност кај граѓаните.