25 полицајци убиени во самоубиствен напад во Бакуба
29 октомври 2007Реклама
Бомбаш самоубиец се разнесе себеси утринава пред една полициска станица во ирачкиот град Бакуба убивајќи притоа најмалку 25 полицајци. Повеќе од 15 лица се повредени во нападот- соопштија локалните власти. Полицајците инаку во моментот на нападот чекале пред влезот во станицата , каде што изведувале секојдневна обука . Бакуба се наоѓа на околу 60 километри североисточно од главниот град Багдад.