1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

107-годишна Холанѓанка преживеа корона-инфекција

ЕМФ / ројтерс
9 април 2020

Во борбата на една 107-годишна Холанѓанка против коронавирусот, победник е старицата!

https://p.dw.com/p/3ahbC
Spanien Altenpflege Coronavirus Test
Фотографија: picture-alliance/AP/S. Palacios

Корнелија Рас е вeројатно најстариот човек на светот кој излегол како победник од битката против Ковид-19. Оваа 107-годишна Холанѓанка е на пат на опоравување, а радосната вест ја добила од своите лекари пред два дена. Нејзината внука Маике де Грот за весникот „АД“ изјави: „Не очекувавме дека ќе преживее“.

Рас, според пишувањето на весникот, заболела на 17 март, односно еден ден по својот роденден, откако заедно со другите станари во старечкиот дом присуствувала на богослужба. Рас и други 40 посетители на богослужбата биле позитивни на коронавирусот. Дванаесет луѓе од оваа група се во меѓувреме починати.

Повеќе:

Среќната 90-годишна која го преживеа Ковид-19: Ако можев јас, можете и вие

Старечки домови: Жртвите од коронавирусот кои никој не ги брои

Солидарност во Италија во време на коронавирус - младите ги крепат старите

Пред Холанѓанката Корнелија Рас, најстарото лице кое преживеало инфекција со коронавирус беше ветеранот од Орегон, САД, Бил Лепшис, кој има 104 години.