ЈИЕ се обединува во единствена слобдона трговска зона | Теми на денот | DW | 19.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЈИЕ се обединува во единствена слобдона трговска зона

Приближување до Европа – под ова мото денеска во Букурешт земјите од ЈИЕ го потпишаа новиот договор за слободна трговска зона, ЦЕФТА. Еврокомесарот за проширување Оли Рен нагласи дека ЦЕФТА е патот до ЕУ. За кооринаторот на Пактот за Стабилност Ерхард Бусек, ова е историски договор.

Рен:ЦЕФТА пријатен божиќен подарок

Рен:ЦЕФТА пријатен божиќен подарок

Свој потпис на договорот за слободна трговска зона ЦЕФТА денеска во Букурешт, ставија претставници на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, УНМИК во име на Косово и Бугарија и Романија. Проширената ЦЕФТА треба да профункционира следното лето, а со неа се предвидува укинување на извозните субвенции меѓу сите земји од регионот, поголема либерализација и вклучување на нови области – јавни набавки, услуги, инвестиции и заштита на интелектуалната сопственост. Земјите членки очекуваат со ЦЕФТА да се зголеми и регионалната соработка и нивото на странски инвестиции. ЦЕФТА ги обединува досегашните 31 билатерелен договор за слободна трговија меѓу земјите од регионот и го поедноставува и модернизира процесот на трговска соработка. За еврокомесарот за проширување Оли Рен кој исто така е во Букурешт, ЦЕФТА е патот кој води во ЕУ.:

„Ова е договор кој покажува дека ако има воља има и начин. И новата ЦЕФТА е важна и поради економските бенефити за земјите и граѓаните од регионот но и дека покажува оти земјите можат да работата заедно и да ја развиваат регионалната соработка. Ова е пријатен божиќен подарок и одлична вест за регионот и ЕУ”.

И за координаторот за Пактот за Стабилност ова е историски договор. Бусек за Дојче Веле изјави: „Ова е историски настан, при што јас не би сакал да се расфрлам со тој термин. Историски е поради тоа што се работи за многу модерен договор кој ги опфаќа не само досегашните спогодби за намалување на трговските бариери туку и услужните дејности и интелектуалната сопственост. Освен тоа изработен е и строг и фер механизам во однос на споровите и проблемите така што со овој договор навистина дојдовме за еден чекор поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ.

И Македонија има големи очекувања од новиот договор. Според вицепремиерот Зоран Ставревски кој беше македонскиот потписник на договорот: „Регионот се обврза на отвореност и фер трговија, што ќе води кон интензивирање на регионалната трговска соработка. Тој ќе испрати и јасен сигнал до потенцијалните инвестотори. А како што се покажа и до сега ЦЕФТА е одлична алатка која им помога на земјите да се прилагодат кон единствен пазар кој е еден од предусловите за членство во ЕУ. Тоа е и крајната цел на сите потписнички, ”рече Ставревски.

Бугарија и Романија ја напуштаат ЦЕФТА на 1 јануари поради зачленувањето во ЕУ.