Штрајкот во германските железници предизвика големи штети | Вести | DW | 18.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штрајкот во германските железници предизвика големи штети

*

Штетите за германското стопанство што ги предизвика штрајкот на машиновозачите се проценуваат на најмалку 74 милиони евра, вели за „Велт ам зонтаг“ Клаудија Кемферт, експерт за сообраќај на Германскиот иснтитут за економски истражувања. Магазините „Шпигел“ и „Фокус“ пишуваат дека Германската железница подготвува нов предлог за синдикатот на машиновозачите, кои бараат покачување на платите од 31 насто и сопствен тарифен догогор. Синдикатот најави дека во вторник ќе решава дали ќе свика неограничен штрајк.