Што ќе се случи ако Грција банкротира? | Економија | DW | 16.02.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Што ќе се случи ако Грција банкротира?

Новата грчка влада се чини нема никаков интерес од продолжување на европската програма за помош. Со тоа државниот банкрот и исфрлањето од еврозоната се речиси неизбежни, велат експертите.

Земјите-кредитори настојуваат Грција да прифати продолжување на финансиската програма за помош. Но, и тие знаат: „Тоа грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ’го проголта’ само ако е добро зачинето“, вели главниот економист на Комерц банк Јерг Крамер во интервју за Дојче веле.

„Компромис би можел да содржи продолжување на рокот на отплата на билатералните кредити на 50 години, одложување на плаќањето во првите десет години и намалување на и онака ниските каматни стапки“, вели тој.

Овен тоа, дополнува Кремер, кредиторите би можеле да се договорат за еден вид трампа: тие можат да се откажат Грција да прекине со претходно договорената приватизација и намалување на државните службенции, ако Атина за возврат ефикасно се справи со затајувањето данок и корупцијата“, за што леворадикалната Сириза и така се залагаше во предизборната кампања. „Дел од евентуален компримис би можело да биде и ЕУ да ја исплати последната транша од пакетот помош за Грција во висина од 1,8 милијарди евра.“

Затворање на славините

Ако пропадне и овој состанок на министрите за финансии денеска (понеделник,16.02.2015), економистите на Комерц банк нема веќе да ги проценуваат шансите за државен банкрот на Грција и напуштање на европската монетарна унија, на сегашните 25 проценти.

Jörg Krämer

Јерг Кремер

„Тогаш мора значително да ги зголемиме“, истакнува Кремер. Зашто, ако се наѕре банкрот на Грција, тогаш и државните обврзници кои се кај грчките банки, ќе бидат безвредни. Тогаш и Европската централна банка мора да го запре течењето пари за обезбедување ликвидност.

„Зашто, на ЕЦБ не и‘ е дозволено да одржува во живот банкарски систем кој веќе не е ликвиден“. Грција би била „отсечена“ од дотокот на пари и со тоа фактички би излегла од европската монетарна унија.

Од друга страна, Грција може да се обиде повторно да ја воведе драхмата. Многумина експерти во тоа гледаат најдобра можност, преку драстична девалвација од околу 50 проценти, да се воспостави повторно грчката конкурентност. Така патувањата во Грција ќе бидат многу поевтини и на таков начин ќе зајакне туристичката индустрија, толку важна за земјата. Исто така и евтините извозни производи можат да ја „откочат“ домашната економија. Но, производите и услугите кои Грција ги увезува од странство, ќе станат многу поскапи.

Драхмата не е никаква алтернатива

Меѓутоа, и новата драхма би имала огромна вродена мана. Зашто, сеедно што и да се случи, долговите на Грција нема да бидат избришани, туку ќе останат непроменети, и тоа во евра. Направените долгови, поради девалвацијата на сопствената валута, драстично ќе пораснат, ако Грците треба да ги враќаат старите долгови во евра со новата евтина драхма. На доверителите, а тоа би било посебно погубно за грчките банки, со тоа им се заканува целосно пропаѓање на нивните побарувања.

Натамошна опасност е и т.н. јуриш врз банките, ако Грциите ги испразнат своите сметки во домашните банки за стабилните евра да ги заштитат од конверзација во слабата драхма. Тоа може да доведе до колапс на националните банки и да го урниса дури и целокупниот грчки платежен систем.

Тешки времиња

Сепак, без нови кредити, земјата веројатно тешко може да ги финансира своите тековни трошоци. Грците би се нашле пред тешки времиња. Државата мора да се потруди да го одржи функционирањето на социјалните системи и натаму да ги плаќа службениците и пензионерите. Резовите би ја погодиле и јавната инфраструктура, болниците, јавниот сообраќај, одвезувањето смет и образовниот систем.

DAX Entwicklung an der Börse in Frankfurt 05.01.2015

За Германија грчки банкрот е поскап отколку грчко напуштање на еврозоната

Што би значел грчки државен банкрот за ЕУ и за Германија?

„Грчки банкрот германската држава ќе ја чини 80 милијарди евра. Излегувањето од еврозоната, напротив, нема да чини ништо, токму спротивно“, напиша неодамна претседателот на Ифо-институтот, Ханс-Вернер Зин, во својата статија во „Виршафтсвохе“.

„Само ако Грција ја напушти еврозоната таа може да спроведе девалвација, да стане конкурентна и воопшто да врати нешто од долговите. Нужните загуби при излегувањето од еврозоната не смее да се мешаат со создавање трошоци.“

Германската влада во меѓувреме смета дека грчкото напуштање на еврозоната е подносливо, првенствено од причина што останатите кризни држави, како Шпанија, Португалија и Ирска, во меѓувреме повторно се на добар економски пат. Освен тоа, ЕУ и Европската централна банка презедоа мерки за спречување на прелевањето на кризата од Грција во останатите евро-земји. Во нив спаѓа од една страна Европскиот механизам за стабилност, ЕСМ, кој државите во случај на потреба може да ги поддржи со до 500 милијарди евра. Од друга страна, ултралабавата монетарна политика на ЕЦБ се грижи за бавно, но сигурно економско опоравување на Европа.

Реклама