Што се случува со Фејсбук-контото по смртта? | Свет | DW | 12.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што се случува со Фејсбук-контото по смртта?

Наследниците на лице кое починало мора да добијат комплетен пристап до неговиот Фејсбук-профил, реши денеска Врховниот суд на Германија во Карлсруе.

Врховниот суд на Германија одлуката ја донесе по повод случајот на една мајка, која тужеше поради тоа што не може да добие пристап до профилот на социјалната мрежа Фејсбук на својата почината ќерка. Судот смета дека договорот на почината ќерка со Фејсбук е дел од наследството на нејзините родители, па согласно со тоа, тие имаат комплетно право на влез во нејзиниот Фејсбук-профил. 

15-годишната ќерка на тужителката загинала во 2012. година во сообраќајна несреќа во метро под неразјаснети околности. Мајката се надева дека пристапот кон Фејсбук-контото на ќерката ќе ѝ даде одговор на прашањето дали девојчето имало евентуални самоубиствени намери. Мајката ја имала лозинката за влез, во не и пристап до сите содржини на Фејсбук-профилот, бидејќи на пример не е возможно читање на личните информации и пораки.

повеќе: Да се биде или не - на Фејсбук

Како да се заштитите на Фејсбук?

Судските инстанци во досегашната постапка донесоа различни пресуди за овој случај. Покраинскиот суд во Берлин во 2015. година им даде право на родителите на комплетен пристап до Фејсбук-профилот на нивното дете, но Апелациониот суд ја одби тужбата на мајката. Сегашната пресуда на Врховниот суд во Карлсруе ќе има решавачко значење во решавањето на идните случаи за односот кон дигиталното наследство. 

  

   

DW.COM