1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што доаѓа по Јужен тек?

Барбара Везел/ А.Трајковска 10 декември 2014

Европската унија се чини е подготвена да го преболи Јужен тек. Надлежните министри за енергетика во Брисел ги разгледуваа можностите за алтернативни лиференти и нови рути за снабдување со гас.

https://p.dw.com/p/1E1tU
Фотографија: BGNES

Германскиот министер за стопанство Зигмар Габриел сѐ уште смета дака гасоводот Јужен тек има иднина. „Мора едноставно да се надеваме дека кога повторно малку ќе се стабилизира состојбата меѓу Русија, Украина и Европската унија, темата пак ќе се отвори“. Во моментов тој жали што проектот е во прекин, рече Габриел на средбата на министрите за енергија на ЕУ во Брисел.

Претседателот на Советот, италијанскиот министер за стопанство Клаудио де Винченти сосема прагматично гледа на оваа проблематика: Мора да се гледа во иднината. „Јужен тек беше важен и мислевме дека по спорните прашања може да дојде до спогодба со Русија.“ Но, сега во Москва доаѓа до промена на стратегијата и Европа би морала да мисли на диферзификација не само на транспортните патишта туку и на земјите на потекло за испорака на земјен гас. Реакцијата на ЕУ за промените со откажувањето на проектот Јужен тек е во иднина да се овозможи снабдување на гас од колку што е можно повеќе извори.

Приказна без крај

Проектот Јужен тек се вбројува во серијата „приказни без крај“ на Европската унија. Имено, проектот, седум години откако беше започнат, се чини дека завршува во ништо. И тоа само поради тоа што Путин лут поради економските санкции и отпорот од ЕУ против неговата политика кон Украина ги искина договорите со осум европски земји низ кои требаше да мине гасоводот?

Sigmar Gabriel
Германскиот министер Габриел сѐ уште не сака целосно да се откаже од Јужен текФотографија: Reuters/Platiau

Санкциите и падот на цената на нафтата немаат никаква врска со одлуката на Путин, вели Арно Беренс експерт за енергија во Центарот за европски политички студии во Брисел. Ваквите проекти секогаш се планираат долгорочно. Тој смета дека „опстојувањето на Комисијата на ЕУ на првилата за трет енергетски пакет, кој предвидува расчленување на изворите и снабдувањето на пазарите за гас и истовреме недискриминирачки пристап за трети до гасоводот“ било причината за повлекувањето на Путин. „Газпром“ себе си се гледа како сопственик на гасоводот и како единствен лиферант и не сакаше да допушти конкурентност. Освен тоа има и економски причини. Енергетските потреби на ЕУ опаѓаат од 2007 година, во рок од 20 години се очекува опаѓање од 20 проценти.

Проектот Јужен тек од почетокот го кршеше европското право

Романија, Бугарија и другите шест земји учеснички во проектот во меѓувреме имаа средба со надлежниот вицепретседател на ЕУ Марош Шефкович за да се пожалат за проблемите поради ненадејниот прекин на работите. Тој сега прво сака да формира работна група за да открие кои се точно проблемите на секоја поединечна земја. Освен тоа вели Шефкович би можело да се размислува за алтернативи, можеби постоеле други можности за приклучок кон европската мрежа и евентуални финансирања од новиот инвестициски пакет на ЕУ. Но комесарот исто така опомена: „Да се почитуваат правилата на ЕУ е од големо значење“. Тоа значи дека Брисел секако тука немаше да толерира монопол на „Газпром“. Тука и Арно Беренс ја гледа почетната грешка кај Јужен тек: За него е „загатка, како тогаш можеше да дојде до меѓудржавни спогодби, кои сосема јасно го прекршуваат правото на ЕУ“. Оваа грешка сега се одмаздува.

Dr. Arno Behrens
Арно БеренсФотографија: Privat

Поголем број енергетски лиференати за ЕУ

Според девизата „гледаме напред“ претседалтеот на Советот на министрите за енергија Де Винченти информираше за неговата неодамнешна посета на Казахстан и Азербејџан: Новиот гасовот од Баку кон границата на ЕУ бил на најдобар пат; Работите на поврзувањето со Каспиското Море би требало да завршат во 2019 година. Тој смета дека е тоа важен чекор при диферзифицирањето на земјите лиференти на гас за Европа, нагласува комесарот Шефкович. Кон ова се надоврзува пркулучување на нови резерви: Така сега се почнува со изработка на студии за приклучување на нови гасни полиња во Израел и на Кипар и за проект за еден нов гасовод од источниот Медитеран.

На погребот на Јужен тек во моментов во Брисел има само малкумина кои ќе пуштат солзи, освен земјите кои беа вклучени во проектот. Нивните евентуални барања Брисел сака да ги провери. Енергетскиот експерт Беренс се сомнева во бројките кои се изнесени од руска страна: исто така и Бугарија во моментов не може точно да приложи колку работни места и колкав приход губи со укинувањето на Јужен тек.