Штајнмајер: Гастарбајтерите помогнаа да се изгради економијата | Информации и анализи за Германија | DW | 28.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Штајнмајер: Гастарбајтерите помогнаа да се изгради економијата

Во Германија започна одбележувањето на 60 годишнина од договорот со Турција кој овозможи доаѓање на милиони ткн. „гости работници“ за да се пополнат дупките на пазарот на трудот.

Deutschland | Steinmeier im Gespräch mit Bürgern mit türkischen Wurzeln

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер

Претседателот Франк-Валтер Штајнмајер им изрази почит на бројните постигнувања на луѓето со мигрантско потекло при посетата на индустрискиот центар на земјата во регионот на Рур.

„Стотици илјади луѓе од Турција помогнаа да се изгради економијата во еден динамичен период, во време кога имаше недостаток на работна сила во Германија. Луѓе кои, низ годините, ја направија нашата земја по разновидна и отворена, и секако економски посилна“, рече Штајнмајер на почетокот на посетата на градот Мулхајм. 

Придружуван од сопругата Елке Биденбендер, Штајнмајер ја посети челичната леарница Фридрих Вилхелмс-Хуте. Околу 45 отсто од работници во неа имаат имигрантско потекло, а многумина се втора или трета генерација наследници на „гастарбајтерите“ кои дојдоа во Германија на почетокот на 1960-те години. 

„Долго време, работата беше главен интеграциски фактор“, рече Штајнмајер во разговор со раководството и работниците.

Во 1950-те Германија потпиша неколку работни договори со Италија, Шпанија и Грција за да го надополни недостатокот на работници по Втората светска војна. Но тоа не беше доволно за да се одржи високото темпо на раст на германската економија, па на 30 октомври 1961, беше потпишан таков договор и со Турција. Тој важеше се до 1973 година. 

Во тој период, околу четири милиони гости-работници и нивни семејства пристигнаа во земјата, повеќето во регионот на Рур и околу градовите Есен, Дортмунд и Диселдорф. Околу два милиони останаа да живеат во Германија.

DW.COM