Шампионите пристигнаа во Скопје | Панорама | DW | 06.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Шампионите пристигнаа во Скопје

Европските ракометни прваци претпладнево пристигнаа во Скопје, а наскоро започнува и големото славје на плоштадот Македонија. Иванов ќе ги награди со медал за заслуги за Македонија

Ракометарите на Вардар по историскиот успех во неделата и освоeнaта титула на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн, претпладнево пристигнаа во Скопје.

На аеродромот „Александар Велики" во Скопје ги пречекаа илјадници еуфорични навивачи.
Оттаму автобусот со ракометарите се упати кон центарот на Скопје, каде главниот настан е планиран на плоштадот Македонија.

Гледај видео 01:14

Моменти за паметење

По славјето на плоштадот, ракометарите од шефот на државата Ѓорге Иванов ќе бидат одликувани со „Медал за заслуги за Македонија", а ракометниот клуб Вардар ќе го добие признанието „Повелба на Република Македонија".

Од Кабинетот на Иванов информираат дека членовите на РК Вардар се одликуваат за постигнатите врвни резултати во ракометот на домашен и на меѓународен план, а особено за спортскиот подвиг, освојувањето на титулата европски клупски шампион што е од исклучително значење за Република Македонија и за нејзина афирмација во светот.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама