Четири жртви во силната експлозија во Лестер | Свет | DW | 26.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Четири жртви во силната експлозија во Лестер

Експлозија го потресе градот во централна Англија. Една зграда се урна а пламените јазици голтаа сѐ пред себе. Тероризам е исклучен, барем засега.

Во силната експлозија во централно-англискиот град Лестер вчеравечер загинаа најмалку четири лица. Оваа утрината го соопшти полицијата. Четири повредени лици и натаму се наоѓаат во болница, а едно од нив претрпело исклучително тешки повреди. Експлозијата се случи на улица со деловни и станбени објекти во близина на центарот на Лестер. не се исклучува можноста дека под урнатините на зградите, кои се настрадаа во експлозијата, се наоѓаат и други жртви.

Според информации од противпожарните служби кратко по 19 часот тие добиле неколку пријави за многу силна експлозија и за пожар предизвикан од неа. Фотографиите и видеата на интернет покажуваат како годи една двокатна зграда но и урнатини на улицата. Пожарникарите известуваат дека објектот се урнал како „куќа од карти“. Околните згради како мерка на претпазливост бие евакуирани. Во приземјето на урнатата зграда се наоѓала мал полски супермаркет.

Полицијата говори за „тежок инцидент“ и го повика населението и натаму да го избегнува погоденото подрачје. Сите спасувачки екипи во британскиот град се ангажирани на местото на инцидентот. Причините за него и натаму се непознати. Терористичка заднина засега, меѓутоа, се исклучува.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

Реклама