Цариград ја признава „Црквата од Охрид“ без името „македонска“ | Северна Македонија | DW | 11.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Цариград ја признава „Црквата од Охрид“ без името „македонска“

Германската Католичка новинска агенција ја пренесува одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на МПЦ-ОА, со забелешка дека таа не смее да го користи името „Македонија“ или „македонска“.

Ukraine Besuch Bartholomäus I. Patriarch von Konstantinopel

Вселенскиот патријарх Вартоломеј

По долг спор со Српската православна црква, Вселенската патријаршија во Цариград ја призна претходно изолираната православна црква на Северна Македонија, пишува германската Католичка новинска агенција (КНА). По состанокот на своето раководно тело во понеделникот вечерта во Истанбул, наведува КНА, Вселенската патријаршија објави дека „ја прима хиерархијата, свештенството и народот на оваа црква предводени од архиепископот Стефан во евхаристиската заедница, со што ја залекува раната на расколот“. Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски му се заблагодари на вселенскиот патријарх Вартоломеј Први за одлуката, со оценка дека се работи за „историски ден по седум децении целосна изолација“ на црквата.

Канонската територија на црквата ќе биде ограничена на територијата на државата Северна Македонија, но канонскиот статус на црквата, пишува КНА, останува нерешен. Константинопол и остава на „Српската православна црква да ги регулира административните прашања со црквата во Северна Македонија“.

„Тоа значи дека Црквата се уште не е автокефална“, заклучува агенцијата.

Притоа, КНА нагласува дека од името на црквата се исклучува терминот „македонска“ и секоја друга придавка која произлегува од името „Македонија“.

„Црквата се признава под името 'Охридска црква' (термин што го користи КНА). Со тоа Цариград води сметка за српските, но и за грчките интереси“, наведува КНА.

Тешки преговори

Во наредниот период, пишува германската агенција, ќе следуваат „тешки преговори“ за Охридската црква, без оглед што Вселенската патријаршија го ограничи нејзиното делување на територијата на Северна Македонија. Притоа се потсетува дека Српската црква ја смета Северна Македонија, како и целата територија на поранешна Југославија за своја канонска територија, а во Скопје има свој владика. 

„Руската православна црква во првичната реакција и изрази поддршка на Српската црква. Таа соопшти дека Српската црква ги има 'сите канонски права во Северна Македонија'“.

Одлуката во Истанбул е донесена само неколку дена откако беше откриено дека српска делегација, во која бил и патријархот Порфириј, неодамна се состанала со делегација од Македонија. 

Mazedonien Orthodoxe Weihnachten Feier in Skope

На македонската црква и претстојат тешки преговори со СПЦ, наведува КНА. фото: Поглаварот на МПЦ-ОА, Стефан

КНА пишува дека во 1967 година, Македонската црква, со активна помош на Титовиот режим, се одвоила од Српската патријаршија, иако таа и нудела автономен статус уште во 1959 година.

„За православниот свет оттогаш новата црква важи за расколничка“, наведува КНА.

Понатаму, агенцијата потсетува на поновата историја на релациите на МПЦ, па потсетува дека во 2017 година Македонската црква и понудила на Бугарската да ја признае за „мајка-црква“, доколку Софија ја признае нејзината автокефалност. Тие напори не вродија со плод.

Во мај 2019 година, Саборот на Српската црква одлучи да го продолжи дијалогот со Македонската црква.

Последните години, политичарите од Северна Македонија повеќе пати му се обраќаа на вселенскиот патријарх Вартоломеј со барање да се додели автокефалност. Затоа, во образложението на одлуката, Вселенската патријаршија ги споменува „повторените барања на државата Северна Македонија“, наведува КНА.

DW.COM