Христијан Мицковски, роден на 29 септември 1977 година во Скопје, е македонски политичар и вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје.
Мицковски беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес одржан во декември 2017 година во Валандово. Претходно беше генерален секретар на партијата. За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016 година беше и директор на државната компанија Електрани на Македонија- ЕЛЕМ.