Холандија е топ-фаворит на Евросонгот | Панорама | DW | 18.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Холандија е топ-фаворит на Евросонгот

За Холанѓанецот Данкан Лоренс и неговата балада „Аркаде“ во обложувалниците се прогнозирани 43% шанси за победа.

Холандија влегува како јасен фаворит во финалето на Евросонгот. По второто полуфинале во четвртокот, Холанѓанецот Данкан Лоренс вчера само уште повеќе ја зголеми својата предност во обложувалниците. За него и неговата балада „Аркаде“ се прогнозирани 43% шанси за победа. Разликата помеѓу Холандија и Австралија, која е на второто место со само 12%, е огромна.

Во тесниот круг на фаворити се вбројува и Швеѓанецот Џон Лудвик. Обложувалниците им придаваат добри шанси за победа и на Швајцарија и Азарбејџан.

ESC 2019 Eurovision Song Contest Tamara Todevska Nord-Mazedonien (picture-alliance/dpa/Sputnik/V. Astapkovich)

Тамара Тодевска на финалната вечер има реден број осум

Македонската претставничка Тамара Тодевскае некаде на средината според шансите за победа на Евросонгот, а германските фанови од Евросонгот не треба да очекуваат многу. Дуото „S!sters“ е на последното место на обложувалниците. Едната од пејачките во дуото, Лаурита Спинели, вели: „Не е срамота да загубиш. Затоа човек и не би требало поради тоа да се плаши од лош пласман.“

Eurovision Song Contest 2019 | Deutschland S!sters (DW/S. Wünsch)

Дуото S!sters нема добри шанси на овој Евросонг

Во текот на изминатите години обложувалниците често имаа добра прогноза за победникот на Евровизија и пласманот на останатите учесници.

DW.COM

Реклама