Хилари Клинтон му фрли „даночна“ ракавица на Доналд Трамп | Свет | DW | 13.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хилари Клинтон му фрли „даночна“ ракавица на Доналд Трамп

Хилари Клинтон ги обелодени во јавноста своите даночни пријави.Со тоа претседателската кандидатката на демократите го зголеми притисокот врз републиканскиот ривал. Доналд Трамп досега се спротиставува на ваквиот обичај.

Кандидатката на Демократската партија во трката за Белата куќа, Хилари Клинтон, ја објави својата даночна пријава за 2015. година, критикувајќи го својот републикански противник Доналд Трамп дека одбива да се придржува кон таа традиција како претседателски кандидат.

Хилари и Бил Клинтон пријавија 10,6 милиони долари приход за време на 2015. година. Платиле 3,6 милиони долари данок на сојузната даночна управа, се наведува во документот објавен на интернет сајтот на поранешната прва дама на САД.

Главниот извор на приходи на семејството Клинтон се учествата на Бил Клинтон на конференции, на кои заработил 5,2 милиони долари. Хилари заработила околу 3 милиони долари од последната книга. Таа во 2013, 2014. и 2015. година заработувала, истотака, од држење говори на разни собири, но со тоа престанала во април 2015. година кога влезе во изборната трка за претседателски избори во САД.

Брачната двојка Клинтон подарила 1 милион долари на добротворната организација која го носи нивното име.

„Лажни изговори“

Клинтонови ги објавуваат своите даночни пријави од 1977. година, на што инсистира Демократската партија.

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп се крие зад лажни изговори и ги игнорира своите поранешни ветувања дека ќе ги објави своите даночни пријави“, изјави Џенифер Палмиери од изборниот тим на Клинтон.

Републиканските и демократските кандидати традиционално ги објавуваат своите даночни пријави од пред 9 претседателски избори, од ерата на Роналд Реган во 1980. година и тоа најмалку за една година назад, наведе сајтот Политифакт.

Со тој документ јавноста може да има увид во имотот, приходите и долговите на кандидатот.

Трамп има богатство од преку 10 милијарди долари, но тој износ не е проверен од независни извори. Весникот „Форбс“ го процени богатството на Трамп на околу 4,5 милијарди долари.

Демократите се сомневаат дека Доналд Трамп не сака да ја објави својата даночна пријава бидејќи таа би покажала оти тој заработува помалку отколку што тврди, дека не плаќа редовно данок и оти неговите донации во добротворни цели се занемарливи.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама